Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети попладнево се сретнаа во Собранието каде разговарале за опциите како да се деблокира работата на Парламентот.

Нема информации дали нешто конкретно било договорено на средбата. По редовната пауза пратениците продолжија да дебатираат. Пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ побара широка дебата од сите за излез од сегашната политичка состојба.

Пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ на прес-конференција во Собранието запрашан дали форматот „лидерска средба“ е еден од начините за излез од кризата, рече дека не планираат да преговарат и да се договараат со, како што рече, криминалци и луѓе кои ја довеле Македонија во оваа криза.