Премиерот Христијан Мицкоски доцна попладнево во Брисел имаше средба со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта на која е разговарано за процесот на пристапување на земјава кон ЕУ.
Пријателската средба ја искористив за лобирање и претставување на позициите на Македонија во однос на европските интеграции и можноста за нивното забрзување, објави Мицкоски на неговиот профил на Фејсбук.
Средбата се одржа пред неформалната работна вечера што Кошта ја организираше за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан.