Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Скопје ќе има средба со првиот човек на Европскиот совет, со кого на агендата се разговори за актуелната политичката криза во Македонија по изборите од декември минатата година.
Туск во Скопје ќе се сретне со Иванов во неговиот кабинет. Средбата е закажана за во 14 часот, а половина час подоцна ќе се одржи и пленарниот состанок на двете делегации.
Во 15 часот предвидено е двајцата да дадат изјави за медиуми.
Турнејата на Туск предвидува политички средби и во Словенија, Бугарија и Грција.