Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев – Меркел: Преговорите да започнат, проширувањето на ЕУ со Западен Балкан не смее да се одложи

0
By НОВА ТВ on September 14, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 14, 2021 18:03

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево остварија билатерална средба со германската канцеларка на Сојузна Република Германија Ангела Меркел во Тирана, информираа од Владата.

Оттаму додаваат дека билатералната средба следува по официјалниот работен ручек којшто канцеларката Меркел, во рамките на својата посета на Западен Балкан, го организираше со лидерите на земјите од регионот на кој главна тема беше регионалната соработка.

-На билатералната средба со канцеларката Меркел, премиерот Заев ги изнесе позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот кој го наметна соседна Бугарија. Премиерот Заев нагласи дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот, пишува во соопштението.

Премиерот Заев исто така се осврнал и на иницијативата Отворен Балкан која се темели токму на принципите на функционирање на Европската Унија.

„Нам ни е потребно што е можно побрзо решавање на политичките пречки и интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Ние успешно ги завршивме нашите домашни задачи, но тоа не значи дека запираме тука, напротив секој ден работиме и се бориме за подобро утре за нашите граѓани“, истакна премиерот Заев на билатералната средба со канцеларката Меркел.

Канцеларката Меркел се согласила со владината делегација дека ЕУ интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува и дека постојаниот напредок е нотиран од страна на сите релевантни европски институции и меѓународни партнери на државата.

Премиерот Заев и канцеларката Меркел разговарале и за трговската размена помеѓу двете држави и за дополнително унапредување на економските инвестиции во државата со оглед на поволната бизнис клима која ја прави Германија број еден трговски партнер на Северна Македонија во континуитет со години.

На средбата претседателот на Владата Зоран Заев се заблагодарил за личниот ангажман на канцеларката Меркел за нејзината севкупна посветена работа и непроценлив придонес за зајакнување на односите на СР Германија со Северна Македонија како и за нејзината поддршка и поддршката на нејзината земја на нашиот пат до членството во НАТО и во процесот за членство во ЕУ.

Заев Меркел Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.