Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев – Могерини: Видлив напредок во изминатата година

0
By Нова ТВ on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев во рамки на посетата на Брисел,  денеска оствари средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Како што соопшти прес службата на Владата, на средбата Заев истакнал дека од клучно значење за поддршка на тековните напори на Владата за враќање на Република Македонија на вистинскиот пат, се посветеноста и ангажираноста на високите претставници на највисоките институции на ЕУ, како и институционалната поддршка од телата на Европската Унија.

– Очекуваме дека ЕУ ќе покаже визија и ќе обезбеди одлука за отпочнување на преговорите за пристапување во првата половина од 2018 година, нагласил Заев.

Заев говорел за примарната посветеност на Владата на РМ да се изгради модерна европска земја што ги дели европските вредности, со функционална демократија базирана на владеењето на правото и врз заеднички споделени основни вредности.

-Имаме аргументи да докажеме дека Република Македонија е најдобрата “успешна приказна” во 2017 година и може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа, рекол Заев.

Во соопштеието се истакнува дека тој ги искажал и очекувањата од Стратегијата за проширување на ЕУ, најавена од страна на претседателот на Европската комисија Јункер, и истакна дека едно од тие очекувања е отворање на можноста за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување врз основа на сопствените заслуги.

Во врска со прашањето со Грција, Заев кажал дека  има една порака: Подготвеност од македонска страна за решение на ова прашање.

-Бараме помош и поддршка како да го најдеме соодветното и одржливо решение кое ќе има поддршка во двете земји,  рекол Заев.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакнала дека е видливи напредокот што го оствари Република Македонија за само една година, и дека тоа е добар знак и во однос на напредувањето на државата во евроинтеграциските процеси.

На средбата во Европската Комисија кај Могерини е нагласено дека претстојните месеци до првата половина на 2018 година се круцијални кога е во прашање процесот за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Посочено е и важноста, колку што е можно побргу, да се одржат средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Република Грција.

Брисел Заев Могерини средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.