Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средношколци го запалиле оганот во „Вјесник“, признало момче – снимка покажува дека некој роварел ноќе низ облакодерот

0
By Zoran Ivanov on November 20, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 20, 2025 11:28

Влеговме во зградата, сакавме да се искачиме на врвот, но вратите беа заклучени. Некој од нас почна да пали картонски остатоци, изјавило момчето кое самото се јавило во загрепската полиција.

Малолетник ѝ раскажал на полицијата во Загреб за ноќната авантура што завршила со пламен на поранешниот облакодер „Вјесник“.

Снимка што кружи по социјалните мрежи покажува како неколку тинејџери со светилки се движеле низ напуштените катови пред да се појави оганот што ја осветлил загрепската ноќ и ја потресол јавноста. Снимката ја објави „Јутарњи лист“.

Полицијата потврдила дека момчето само се пријавило во станица и раскажало дека било во зградата со група пријатели на возраст од 16 и 17 години.

 Влеговме во зградата, сакавме да се искачиме на врвот, но вратите беа заклучени. Некој од нас почна да пали картонски остатоци, изјавило момчето.

Пламенот се проширил за неколку минути. Споре приказната на момчето, исплашените средношколци побегнале, а зградата продолжила да гори.

На социјалните мрежи кружи снимка направена од паркингот спроти „Вјесник“, каде се гледа како некој со светла се движи по катовите, а потоа на врвот се појавува оганот.

Полицијата во Загреб продолжува со криминалистичката истрага за да ги утврди сите околности. Досега на распит биле неколку млади луѓе.

Едно лице е уапсено и против него се води истрага, соопштиле од полицијата не давајќи повеќе информации.

Експертите во Хрватска велат дека лошата инсталација во зградата, меѓу која и откажаниот систем за прскалки и запуштената вентилација довеле до брзо проширување на огнот. Ентериерот на зградата е целосно уништен додека се претпоставува дека рушењето на зградата ќе биде неопходно поради видно оштетената конструкција на речиси сите спратови.

Изјавите на пожарникарската служба упатуваат на фактот дека коа пожарникарите го гаснеле пожарот на 15. кат виделе дека веќе има разгорен пламен на долните катови.

Случајот со облакодерот „Вјесник“ кој е еден од симболите на градот Загреб ја вознемири хрватската јавноста и ги отвори дебатите за одговорноста на државата Хрватска за зградата која со години е запуштена и заплеткана во лавиринтот на имотни односи.

вјесник Загреб зграда малолетник пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.