Published: Friday, December 5, 2025 18:31
Во 11 часот наутро, истовремено ќе се одржат конститутивни седници во Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица, каде што градоначалниците од Српската листа официјално ќе ја преземат власта по победата на локалните избори, јавува Нова.рс.
Милан Радојевиќ ќе ја предводи општина Северна Митровица, Драгиша Миловиќ е градоначалник во Звечан, Милош Перовиќ во Зубин Поток, а Зоран Тодиќ во Лепосавиќ.




