Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српските студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 31, 2025 22:52

Студенти од Универзитетот во Нови Сад најавија дека тргнуваат на велосипеди до Стразбур за да го свртат вниманието на меѓународната јавност кон недоволната реакција од надлежните институции во Србија, кои, според студентите, се обврзани да дејствуваат по сите немили настани што се случиле во државата од 1-ви ноември,лани, јави дописникот на МИА од Белград. Бројот на учесници ќе биде меѓу 50 и 80 студенти.

Студентите треба да се обратат во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Директоратот за демократија и човеково достоинство и Комитетот на министри.

Што се однесува до Европската Унија, студентите ќе се обратат пред Европскиот парламент, Европската комисија и Агенцијата за фундаментални права на ЕУ.

Нивното патување за кое објавија рута, се очекува да трае 12 дена. Напоменаат дека планот на турата секојдневно подлежи на промени, но дека градовите низ кои минува турата се дефинитивни.

Ние сме во постојан контакт со колегите од сите универзитетски градови низ кои поминуваме, за да ја обезбедиме потребната логистичка и морална поддршка. Исто така, сакаме да ги споделиме информациите дека членови на Европскиот парламент ни се обратија, изразувајќи ја својата подготвеност да им посакаат добредојде на студентите, изјавија тие.

Како што наведоа, целта им е да ги информираат странските институции кои имаат можност да дејствуваат по институциите во Србија, за да се направи притисок врз властите. Друга цел би била да се привлече медиумско внимание што треба да резултира со создавање притисок.

Оваа акција произлезе од огорченоста предизвикана од кршењето на голем број човекови права како и правата загарантирани со Уставот на Република Србија без реакција од надлежните институции. Со оглед на недостатокот на реакција, решивме да се обратиме до странски/светски институции кои имаат способност да реагираат и имаат одредено влијание на територијата на Република Србија“, велат студентите.

 

 

велосипеди Србија Стразбур студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.