Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници и јасна дистинкција меѓу вистинскиот и жолтите синдикати

0
By Marija Todorovska on May 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 26, 2025 14:47

Даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите за работа со законската рамка и јасна дистинкција меѓу вистинскиот синдикат и жолтите синдикати, односно лоцирање на непријателите на синдикалната борба, бара Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Како што беше речено на денешната завршна конференција од проектот „Работнички права за независно новинарство“ што ССНМ го спроведува заедно со РЕСИС и со финансиска поддршка од ЕУ, околу половина од новинарите и 70 отсто од медиумските работници во земјава имаат примања под просечната месечна плата (37 065 денари за периодот мај-октомври 2023).

Проектот покажува дека притисоците врз вработените во медиумите и кршењето или непочитувањето на работничките права, остануваат горливи прашања за новинарите и медиумските работници во Македонија.

Според бројките, 2 100 лица се распоредени на 3 146 работни позиции. Од нив 1 694 се новинарски позиции, додека 1 452 се позиции на медиумски работници. Од вкупно 1 039 редовно вработени новинари 56 отсто се жени, а од вкупно 1 072 редовно вработени медиумски работници 70 проценти се мажи.

Најверојатно сме единствената професија во која 2 400 вработени извршуваат над 3 000 работни позиции. Сакам да издвојам и една работа која не успеавме да ја реализираме, а е сериозна и важна, особено за локалните медиуми. Тоа е т.н. даночно ослободување за новинарството како професија од јавен интерес. Водејќи се од девизата дека новинарството во едно демократско општество треба да е јавно добро, сметаме и изработивме еден документ кој го презентиравме во неколку наврати на некои средби со надлежни институции, а тоа е даночно ослободување за придонесите за новинарите и медиумските работници. Особено го потенциравме проблемот со локалните медиуми и нивните финансиски проблеми и сметаме дека може да се најде некакво решение кај овие медиуми ваквата неселективна помош да биде и повисока, истакна претседателот на ССНМ Павле Беловски.

Тој потсети дека не може да има слободни медиуми, слободни новинари и новинари и медиумски работници со интегритет без нивна социо-економска обезбеденост.

Без оваа компонента не е можно производство на професионални и етички издржани содржини кои го штитат јавниот интерес, што впрочем е и основната задача на новинарството, подвлече Беловски.

Тој се осврна и на локалните медиуми, како и на новинарите од локалните средини кои, како што истакна, се соочуваат со многу поголеми проблеми од оние кои работат во главниот град.

Локалните медиуми, како и дописниците имаат далеку поголема важност од она што им се придава. Социјалните медиуми и технолошкиот развој навидум не ставија нас новинарите во одбранбена позиција, во некаква сенка. Но, токму сега е важно вистинското, професионалното новинарство кое знае да го препознае јавниот интерес и на граѓаните ќе им испорача важни, навремени и точни информации за да можат во едно демократско општество да носат информирани одлуки, рече Беловски.

Неда Чаловска, експертка за човекови права, се осврна на договорите за работа како основни документи за гарантирање на интегритетот и безбедноста на новинарите.

Сегашните договори често не се усогласени со законската рамка. Работниците се без соодветна заштита, особено во приватните медиуми, а без работнички права нема професионално новинарство, потенцира Чаловска.

Поранешната претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис ја презентираше Повелбата за професионални и работни права на новинарите и медиумските работници.

На конференцијата беше истакнато и дека ССНМ за 2,5 години го зголеми членството за преку 70 проценти. Синдикатот ќе продолжи да работи на зацврстување на своите структури, како и на зголемување на видливоста и препознатливоста во медиумската сфера.

медиумски работници новинарство ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.