Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед за Република Северна Македонија.

„Потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитната агенција е само уште една потврда за позитивните економски политики коишто ги спроведува Владата“, објави на својата Фејсбук страница Министерството за финансии.