Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стапи на сила новата европска регулатива за лични податоци: Што е ГДПР

0
By Нова ТВ on May 25, 2018 СВЕТ
Фото: Гардијан
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 25, 2018 15:51

Во ЕУ од денеска стапува во сила новата европска регулатива за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, која и им дава на корисниците поголема контрола врз сопствените податоци.

Ревидираната регулатива за заштита на податоците од денеска ќе донесе повеќе промени за европските онлајн корисници.

Меѓу најважните се тоа што од сега компаниите ќе мораат со „јасен и прецизен“ речник да им ги објаснат правилата за приватност на корисниците, за разлика од досегашните долги и комплексни упатства, на кои најчесто корисници кликаат „прифаќам“ без да ги прочитаат.

Дополнително, корисниците ќе треба да дадат „афирмативна“ согласност“ за споделување на нивните лични податоци, додека до сега беше дозволено молкот да се смета за согласност, или пак условите за споделување на податоците да бидат скриени во долгите упатства за употреба на веб сајтовите.

Компаниите исто така ќе имаат обврска да ги информираат граѓаните кога нивните лични податоци се трансферираат надвор од ЕУ, но и да образложат за кои цели тие се трансферираат како и да му дадат можност на корисникот да одбие.

Корисниците се здобиваат со поголеми права пред моќта на технолошките гиганти на интернет. Па така, компаниите ќе мораат веднаш да ги информираат корисниците доколку била нарушена нивната приватност онлајн, а корисниците ќе имаат право и да ги побараат сите информации кои фирмата ги поседува за нив.

Со новата регулатива и националните тела за заштита на личните податоци добиваат засилена моќ. Додека досега тие имаат само ограничени можности за соработка на ниво на ЕУ, од сега нивните надлежности се хармонизираат, а нивните одлуки ќе стануваат обврзувачки за случаи кога повеќе европски земји се засеганти од некое нарушување или злоупотреба.

За крај, овие тела ќе имаат дозвола и да изрекуваат казни за фирмите кои ги прекршуваат правилата на новата регулатива. Казните можат да достигнат 20 милиони евра или пак 4 отсто од глобалниот обрт на фирмата.

Повеќе компании како „Фејсбук“ и „Мајкрософт“, ги поздравија новите европски правила, а некои од нив планираат да ја прошират истата заштита и за корисниците надвор од Европската Унија.

Потпретседателката на „Мајкрософт“ вчера изјави дека новата регулатива воспоставува „важни принципи кои се релевантни на глобално ниво“ и планира да им овозможи иста контрола врз сопствените лични податоци на сите корисници на интернет во светот.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, по избивањето на скандалот со „Кембриџ Аналитика“, исто така во повеќе наврати ја поздрави новата регулатива, и изрази надеж дека ќе може да се прошири глобално, иако прецизираше дека тоа не е возможно секаде поради различните законски рамки во различни делови од светот.

Но, не сите компании успеваат да се снајдат со новите правила. Додека европските корисници во последните денови постојано добиваат електронски известувања од разни платформи и апликации за промените во правилата за приватност, некои компании одлучија пак да ги исклучат европските корисници, бидејќи не успеваат да ги променат правилата во согласност со новата регулатива.

Таков е случајот со „Инстапејпер“, кој е дел од платформата „Пинтерест“. „Инстапејпер“ најави дека корисниците во ЕУ од денеска нема повеќе да имаат пристап до сајтот но дека мерката е привремена.

– Го потценив обемот на работа и не беше можно да се усогласиме до дадениот рок, ова беше задолжителната алтернатива, изјави Брајан Донахју кој раководи со сервисот.

„Стардаст“, апликација за оценување на филмови и серии, не само што ќе ги блокира корисниците, туку и целосно ги избриша сите нивни податоци, од страв дека и тоа би можело да претставува нарушување на законската рамка во ЕУ. Други компании пак целосно планираат да се повлечат од ЕУ и воопшто да не ги нудат повеќе своите услуги на корисниците на овој дел од светот.

ГДПР ЕУ Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.