Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статистика на ИЈЗ: Досега 1.013 реинфекции, намален е бројот на новозаразени и хоспитализирани

0
By Sashko on December 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 22, 2021 08:18

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на новозаразени со ковид-19 е намален за 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922 лица.

Тестирани се 19.943 лица што е за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно е 9,6. Најмногу новозаразени има во Скопје.

Намалување на заболени има во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8 отсто). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5 отсто). Според полот, 52,8 отсто од заболените се жени, а 47,2 мажи.

Пријавени се 66 смртни случаи, најмногу (19) во Скопје и од возрасната група над 60 години (80,3 проценти).

Во минатата недела (13-19 декември) биле регистрирани 36 реинфекции на коронавирусот, а од почетокот на епидемијата вкупно се пријавени 1.013 повторени инфекции, односно 0,46 отсто од вкупно 221.411 заразени заклучно со 19 декември.

Хоспитализирани се 347 што е за 18,7 отсто помалку од претходната недела. Од нив, 243 добиваат кислородна поддршка и 12 се приклучени на механичка вентилација.

Според податоците на ИЈЗ за вчера, регистрирани се 335 нови случаи на ковид-19, од 3.543 тестирања, од кои 179 во Скопје. Евидентирани беа 515 оздравени пациенти и 13 починати лица. Вкупниот број на смртни случаи како последица на коронавирусот достигна 7.838. Активни случаи во целата држава има 5.182.

ИЈЗ Ковид-19 Македонија нови случаи Реинфекции Статистика хоспитализации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.