Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статистика: Зголемени трошоци за овошје, цигари и масло, намалени за горива

0
By Нова ТВ on April 7, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: unlockfood.ca
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трошоците на животот во март годинава се зголемени за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, а за ист процент се намалени цените на мало. На годишно ниво, односно во споредба со март 2019 година, трошоците на животот бележат пораст од 0,5  отсто, а цените на мало пораснале за 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2 отсто, цигарите за 4,1 отсто, маслото и маснотиите за 3,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9 отсто, јајцата за 0,8 отсто, месото и млекото за 0,7 отсто, лебот и житата, сирењето и урдата, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 0,4 отсто, жестоките пијалаци и виното за 0,3 отсто и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај производите за лична хигиена за 1,3 отсто, игрите и играчките за 0,9 отсто, моторните возила за 0,8 отсто, малите електрични апарати за домаќинство за 0,5 отсто, мебелот, покуќнината и фармацевтските производи за 0,4 отсто, големите електрични апарати за домаќинство за 0,3 отсто, другите медицински производи, домашните миленици и сродни производи за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот има кај рибата и морските плодови, сувото овошје и јаткастите плодови за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,2  отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,8 отсто, телефонската и телефакс опремата за 2,9 отсто, гасот за домаќинствата за 2,8 отсто, воздухопловниот патнички транспорт за 1,8 отсто, итн.

живот Статистика трошоци цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.