„СТАВ наместо СТРАВ “ е мотото под кое се одвива денешниот марш на Шарената револуција. Според Шарената револуција „многу е важно да се има лице,а не се носи маска“. Токму ова е една од паролите кои тие ги објавија на социјалните мрежи повикувајќи ги граѓаните на протест.
Вечерва пред СЈО има граѓани од најразлична возраст, протестот е масовен и постојано се приклучуваат се повеќе граѓани. На протестот и денес се носи импровизираниот затвор со кукли со ликовите политичарите од власта, ликови од прислушуваните разговори како Јанкуловска, Протуѓер, Мијалков, Груевски.
Демонстрантите вечерва ќе се движат по следната маршута: СЈО, Влада , Собраните.