Претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари) ќе бидат втори во кариерата на нордиецот од Крушево, Ставре Јада кој ќе настапи во спринт на 1,4 километри и во маратонот од 50 км.

По вторпат учествувам на едни Олимписки игри во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореа во 2018 година. Од 4 до 20 февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија, изјави Ставре Јада.