Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака на Стефоска на 41 Генерална конференција на УНЕСКО во Париз: Нашиот најголем предизвик е да се соочиме со вистината колку сме кршливи  

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 13, 2021 14:53

Делегација од Република Северна Македонија учествува на 41. Генерална конференција на УНЕСКО,  која од 9 до 24 ноември се одржува во Париз, Франција.

На денешната пленарна сесија, на која се разгледуваа генералните политики на УНЕСКО за 2021 година, од името на министерката за култура Ирена Стефоска, пред присутните се обрати амбасадорката Јадранка Чаушевска-Димов, постојан претставник на Република Северна Македонија во УНЕСКО.

Во своето обраќање, честитајќи го 75-годишниот јубилеј на Организацијата, Стефоска, меѓу другото, рече: „Дали удобниот живот на оваа единствена колоритна планета заврши откако зборот профит стана поважен од зборот совест? Или откако лошата вест стана прва вест.

Сеедно, сметката за плаќање стигна. Во овој век нашиот најголем предизвик е отворено да се соочиме со вистината колку сме кршливи. (How fragile we are)

Во справувањето со сиве овие предизвици, јас ја гледам големата слика. Убедена сум дека сите заедно, со УНЕСКО, сепак ќе успееме. Зашто УНЕСКО е синоним за мултилатерализмот, чувар и промотор на универзалните вредности, на хуманизмот, на солидарноста, на мирот, на толеранцијата, на слободата“.

На 41. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, на која за генерален директор повторно е избрана г-ѓа Одри Азуле, се дискутира за стратегијата за периодот 2022 –2029 г., а ќе се усвојат препораките за етика на вештачката интелигенција и за отворена наука, како и програмата за одбележување јубилеи во рамките на УНЕСКО за следните две години, во чии рамки нашата држава ќе го одбележи јубилејот „100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов“.

Во рамките на 41. сесија на Генералната конференција се одржа и специјален настан со кој се одбележа јубилејот „75 години од основањето на УНЕСКО“. За овој настан, Македонската национална комисија активно се вклучи со свои прилози (документи, фотографии, видеоматеријали и пригоден спот со кој се честита јубилејот), кои се вградени во јубилејната публикација на УНЕСКО објавена во електронска форма, информираат од Министерството за култура.

Во прилог е текстот од обраќањето на министерката за култура Ирена Стефоска:

Обраќање на министерката Стефоска до 41 сесија на ГК на УНЕСКО во Париз

 

 

Никој не можеше да претпостави со какви предизвици ќе се соочи светот по 40-тата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2019-та. За жал, светот се соочи со закана од смртоносен вирус. КОВИД-19 ја сопре планетата и го промени животот на сите нејзини жители.

 

Универзалните вредности се сведоа на битка за преживување, секој за себе. И покрај надежта дека светот ќе биде подобар по ова болно искуство, единственото добро што се случи е тоа дека планетата Земја накратко здивна од нашето невнимание кон неа. Оттаму, што е КОВИД-19 ако не имунолошки одговор на природата кон нас?! Ние повеќе од 2 века го игнорираме секој нејзин вресок. Научивме ли колку сме кршливи ?

 

За неполни две години изгубивме милиони животи, додека илјадници луѓе ќе имаат трајни последици. Светот е далеку од закрепнување од оваа светска пандемија. И наместо брзината на информирање на социјалните медиуми во оваа битка да биде предност, ние сме во битка и со нивното „второ лице“ – лажните вести, теориите на заговор и живот во виртуелен свет во кој нема ништо и никој.

 

Во оваа тажна, светска реалност не смееме да заборавиме дека како за КОВИДОТ, така и за информациите, нема граници. И двете нешта бараат будност и акција. На првиот проблем му се посвети науката, но за вториот, во кој на удар најмногу е младата популација, излезот е во квалитетно и современо образование. И затоа, потребно е да ги споделиме добрите искуства зашто светот одамна ја живее својата глобализација. Во таа смисла, во целост ги поддржуваме напорите да се исполнат задачите и заложбите на УНЕСКО, особено во справувањето со последиците од ковид-кризата во образовниот процес.

 

На многубројните предизвици на 21 век му се приклучи и уште еден сериозен проблем – интересот за атрактивни професии, кои, за жал, создадоа дефицит на кадар во исклучително значајни области за нас луѓето, како што е и заштитата на материјалното и на нематеријалното културно наследство. Владата на Република Северна Македонија во последниве години постојано го зголемува буџетот за заштита на културните добра, но проблемот со професионален кадар станува сериозен. Тој факт уште повеќе нѐ насочи кон соработка со земјите што имаат завидно искуство во заштитата. Затоа сакам да ја потенцирам соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици во Солун, Грција, со чии експерти работиме на зачувување на исклучително вредно светско наследство од 12 век – црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново. Оваа драгоценост ја впишавме и на тентативната листа на УНЕСКО зашто сметаме дека Ангелот од Курбиново е убавина што треба да се сподели со светот. Исто како и нашиот бисер – Охридскиот Регион, кој во 1979 година беше впишан на престижната листа на УНЕСКО како светско културно и природно наследство.

Тука сакам да нагласам дека мојата земја е активно посветена на одржување на интегритетот и автентичноста на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Остваруваме интензивен дијалог со Центарот за светско наследство на УНЕСКО  и,  заедно со Република Албанија, посакуваме нашата билатерална соработка да биде пример дека заедно сме посилни, помудри и поодговорни во заштитата на ова наше заедничко и универзално добро.

Светското културно и природно наследство е изложено на постојан атак од терористички и од организирани криминални мрежи кои безмилосно го уништуваат или му „ставаат цена“ на нешто што е бесценето. Но, најголемата закана се и климатските промени кои драматично ја менуваат нашата планета. Без силна и постојана мобилизација на сите нас, и како држави и како влади и како граѓани, битката за спас на Земјата нема да ја добиеме.

 

Оттаму, предизвиците во 21 век се последица, а не причина.

 

Дали удобниот живот на оваа единствена колоритна планета заврши откако зборот профит стана поважен од зборот совест?  Или откако лошата вест стана прва вест.

 

Сеедно, сметката за плаќање стигна. Во овој век нашиот најголем предизвик е отворено да се соочиме со вистината колку сме кршливи.

 

Во справувањето со сиве овие предизвици, јас ја гледам големата слика. Убедена сум дека сите заедно, со УНЕСКО, сепак ќе успееме. Зашто УНЕСКО е синоним за мултилатерализмот, чувар и промотор на универзалните вредности, на хуманизмот, на солидарноста, на мирот, на толеранцијата, на слободата.

 

Нека ни е честита 75-годишнината на УНЕСКО, трезорот на доброто! За наше добро!

 

„Не зборувај ако тоа не ја менува тишината на подобро“. Верувам дека оваа древна  мудрост е основата на нашите зборови од оваа говорница.  Зашто, длабоко во себе, сите знаеме колку сме кршливи.

 

 

Генерална конференција на УНЕСКО Ирена Стефоска Париз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.