Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сто милиони евра за енергетски ефикасни студентски домови, системи за наводнување и мали хидроцентрали

0
By Нова ТВ on December 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2019 13:07

Рехабилитација на четири системи за наводнување, реновирање на седум студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид и мали централи на хидросистемот „Лисиче“. Сето тоа е планирано да се реализира со 100-те милиони евра германска поддршка. Средствата се обезбедени преку грантови и заеми од КФБ банка од Германија, договорите од македонска страна ги потпишаа министрите за финансии, Нина Ангеловска, за образование, Арбр Адеми, и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Програмата за наводнување е проектирана на 110,7 милиони евра од кои 27,9 милиони се државни пари, а 80 милиони се заем од КФВ, со рок на отплата 15 години и пет години грејс период. Дополнително, Банката додели грант од 2,8 милиони евра. За проектот за енергетско рехабилитирање на студентските домови, пак, заемот изнесува 20 милиони евра, а грантот 4,7 милиони евра, исто така, со 15 години рок на отплата и пет години грејс период. Каматните стапки се 0,52 отсто за студентските домови и 0,43 проценти за наводнувањето.

Од проектот за наводнување се очекува зголемено и конкурентно производство, додека од реконструкцијата на домовите, што треба да се заокружи во 2024 година, подобри услови за живот и учење на студентите. Како што истакна министерката Ангеловска, пред потпишувањето на договорите, двата проекта се поврзани со најзначајните приоритети: климатските промени, енергијата од обновливи извори и инвестирањето во човечки капитал.

„Во услови на глобално затоплување, наводнувањето е клучот за повеќекратно зголемување на земјоделското производство и продуктивноста“, рече Ангеловска.

Според министерот Димковски, со ваквото вложување, освен што значително ќе се зголеми растот во земјоделството, ќе се подобрат и стандардите, како и условите за работа на земјоделците. Воедно ќе се овозможи и задржување на младите во агро секторот.

„Ова е само еден сегмент од нашата борба со климатските промени“, истакна Димковски.

Осврнувајќи се на реконструирањето на студентските домови, министерот Адеми објасни дека станува збор за темелни енергетски ефикасни, структурални и мерки за подобрување на конфорот за живот и учење. Со тоа ќе биде опфатено замена на внатрешни и надворешни прозорци и врати, покривните конструкции, инсталации на фасадни и канализациско-дренажни системи во и околу објектите, замена на електрична инсталација, поставување нови системи за греење, обнова на санитарни јазли и кујни, како и обезбедување противпожарна заштита.

„Потврдуваме дека унапредувањето на студентскиот стандард и грижата младите да имаат подобра едукација и престој за време на студирањето е високопозициониран приоритет во нашата програма. Остануваме посветени на она што сме го ветиле и на она што значи следење на современите стандарди. По сеопфатна анализа на состојбите во студентските домови годинава и по разгледување на можните опции, дојдовме до конкретно решение кое почнува да се имплементира од 2020 година, а согласно плановите и проекциите, треба целосно да биде заокружено во 2024 година“, подвлече Адеми.

Директорот на Секторот за енергија и транспорт на КФВ банка за Југоисточна Европа и Турција, Пабло Обрадор порача дека иднината на секоја земја зависи од успешното образование кое не го чинат само професорите и наставната програма, туку и условите во кои може да живеат и учат студентите.

„Договорот за енергетски ефикасни домови отвора нов прозорец и можности, а Програмата за наводнување ќе покаже резултати и ќе има значително влијание врз економијата во регионот каде што ќе се спроведе“, рече Обрадор.

За заменик амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, земјоделството во Северна Македонија има многу значајна улога.

„Оваа програма за наводнување ќе овозможи поефикасно производство и конкурентност, а од друга страна ќе значи одржливост. Во фаза сме кога и тоа треба да се подготви за ЕУ. Германија целосно ја поддржува аспирацијата на Северна Македонија поради што ни претставува задоволство да придонесеме во подготовката на македонскиот агро сектор како еден од најважните, за влез во ЕУ“, нагласи Граф.

проекти Системи за наводнување студентски домови хидроцентрали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.