Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стокмени и по бон – тон во Бундестагот, раскарани и во блокади дома

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегацијата од Собранието предводена од собранискиот спикер Талат Џафери, оствари средба со членови на Комисијата за прашања од Европската Унија на Бундестагот и нејзиниот претседател Антон Хофрајтер во рамки на вториот ден од студиската посета на германскиот Бундестаг.

Како што информира собраниската прес-служба, во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието Горан Мисовски и координаторите Диме Велковски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Сафије Садики Шаини, генералната секретарка Цветанка Иванова, шефот на Кабинет Илир Селмани, службата на Собранието, амбасадорката на Швајцарија и претставници од Националниот демократски институт за меѓународни прашања (НДИ).
На средбата, Џафери се заблагодари за одличната програма на студиската посета, додека претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми ги потенцира храбрите и големи чекори кои ги презема државата, од внатрешни реформи до договори за добрососедство, прифаќање и прилагодување кон новата методологија за по сите процеси да се соочиме со блокада од Бугарија.Адеми укажа на разочараноста на граѓаните од исходот и успореноста на евроинтеграривниот процес, но нагласи дека е уверен дека до јуни ќе се сменат состојбите, особено имајќи го предвид кредибилитетот на ЕУ и нејзината улога и влијание не само за Македонија, туку и во регионот.

Членовите на делегацијата Мисовски, Велковски и Мицевски искажаа благодарност за континуираната поддршка што Македонија ја добива од Германија во контекст на евроинтеграциите и нагласија дека политичките партии во Собранието едногласно се залагаат и работат за да ги исполнат очекувањата на над 70 отсто од граѓаните кои поддржуваат членство на Македонија во ЕУ.

Хофрајтер, како што се наведува во соопштението, нагласи дека огромен дел од земјите членки на ЕУ гласно го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и дека германските пратеници се добро запознаени со ветото на Бугарија кон земјава.
Бундестаг Делегација Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.