Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Црна Гора да стане членка на НАТО идната година

0
By Нова ТВ on November 21, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг денес во Истамбул изјави дека обидот за воен удар во Турција на 15 јули годинава е  потсетување дека демократијата и слободата не можат да се земат здраво за готово и мора „енергично да бидат одбранети“. Тој зборуваше и за односите со Русија, за борбата против тероризмот и за приемот на Црна Гора во алијансата.

Столтенберг ги повика денеска членките на НАТО да го ратификуваат  Протоколот за пристапување на Црна Гора во тој воен сојуз и тоа што е можно побргу.

“Ги повикувам сите држави и нивните парламенти кои досега не го ратификувале Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, тоа да го сторат”, рече Столтенберг.

Тој потсети дека следната година се одржува самит на НАТО до кога треба да биде завршена ратификација за да може Црна Гора да биде примена на тој самит за членка.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара и е потребна светска поддршка во борбата против тероризмот, но ги обвини ЕУ и САД дека се неодлучни кога станува збор за овие терористички организации.

Според Ердоган, „терористите светот ќе го втурнат во пламен“. За да не се случи тоа, Турција треба да стане бафер-зона меѓу терористичките организации и остатокот од светот. Тој ги повика САД и другите земји повторно да го разгледаат предлогот на неговата земја за креирање на зона на слободни летови во северна Сирија.

Во однос на Русија Столтенберг изјави дека “пред руската агресија во Украина, НАТО немаше планови да испрати војници во источниот дел на нашата алијанса”. Според него,  НАТО сака да спречи конфликт, а не да провоцира конфликт. Пристапот на НАТО тој го опиша како “силна одбрана, пропратена со сериозен дијалог”.

Во Истамбул се одржува парламентарното собрание на НАТО.

Јенс Столтенберг НАТО Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.