Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоматологот Кристијан Ристовски помага на лица со попреченост: Качуваме пациенти на раце, нѝ требаат пристапни рампи

0
By НОВА ТВ Terziova on July 5, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Д-р Кристијан Ристовски е стоматолог во хумана мисија кој помага на лица со попреченост. Низ неговата ординација поминале над 430 пациенти со аутизам, Даунов Синдром, церебрална парализа и други видови попреченост за нормално функционирање на овие прекрасни луѓе. Годинава тој и неговиот тим се стекнаа со титулата Амбасадори на Аутизмот, а ординацијата беше ставена на мапата на Autism Friendly Spaces на Европа. Ристовски за Нова ТВ истакнува дека отсекогаш сакал да остави траен белег во стоматологијата. Отворил ординација која како што вели тој, работи малку по различно од сите други. Приказната за Кристијан и лицата со Даунов синдром и со посебни потреби започнува многу пред тој да почне да студира.

„Уште од мали години бев во контакт со лица со посебни потреби и секогаш на некој начин успешно се разбирав и комуницирав со нив, па така за време на додипломските студии на Стоматолошкиот Факултет при УКИМ во Скопје јас и моите ментори на клиничките вежби ја увидовме таа посебна дарба за комуникација и работа со лица со посебни потреби и атипичен развој и на вежбите по детска стоматологија ми беа давани повеќе пациенти со кои што можам гордо да кажам дека успешно се справував, а како за еден студент тоа навистина многу значи“, вели Кристијан.

Освен пациентите кои што имаат интелектуални пречки во развојот во ординацијата можат да се најдат и лица со тешкотии во движењето и корисници на помагала за движење како патерици или инвалидски колички.

„За нив се потребни пристапни рампи и ‘гасеници’ кои во моменов ги немаме, па таквите пациенти заедно со родителите или старателите ги качуваме на раце во ординацијата до самата столица, а после третманот ги симнуваме на паркингот до нивните возила“, вели д-р Ристовски. 

Кристијан вели дека третманот на лицата со попреченост започнува уште пред тие да влезат ординацијата, преку телефонски разговор со одговорно лице за пациентот со попреченост каде што се поставуваат одредени анамнестички прашања за да се добие една генерална слика за тој пациент, па подоцна со остатокот од тимот да се направи индивидуален тераписки протокол, се со цел да се намали, или сосема да се елиминира маргината за грешка и за неочекувани реакции при првата посета на пациентот.

„Ординацијата се подготвува за пациентот, а исто и стоматолошкиот тим, така е многу поедноставно отколку да се обидеме да го адаптираме дадениот пациент кон ординацијата“, вели Кристијан.

Стоматолошките интервенции кај децата со попреченост знаат да бидат тешки и комплицирани. Кристијан вели за да се олесни целиот процес, некогаш не носи униформи, работи во затемнета просторија, или пак со слушалки на ушите. Целта е создавање навика за редовни контроли и намалување на стравот од наредна интервенција.

„Стоматолошките интервенции кај лицата со попреченост се равенки со огромен број на варијабили, кои ние мора да ги предвидиме и успешно да ги решиме за да дојдеме до крајниот резултат наречен ‘успешен стоматолошки третман’,“ дополнува стоматологот Кристијан.

Многу деца со посебни потреби се на листа на чекање за оперативен зафат на Клиниката за стоматологија, бидејќи се случува во оваа здравствена установа апаратите за општа анестезија да се во дефект.

„И до нас допреа информации дека за жал листата за чекање на пациенти кои што треба да подлежат на стоматолошка интервенција под општа анестезија е предолга и се чека дури и со месеци за најрутинска процедура и навистина тоа е еден загрижувачки податок. Во нашата ординација не користиме општа анестезија и седација на пациентите и кај нас не постои листа на чекање на пациенти. Јас како стоматолог давам се од себе за да направам промена на подобро и се надевам дека ќе поттикнам и други на таков чекор“, вели тој.

Стоматологот Кристијан вели дека секој што има потреба може да добие термин во најскоро можно време во неговата ординација без разлика дали е со попреченост или со типичен развој.

„Мојата таргет група на пациенти е многу поспецифична од конвенционалните пациенти со типичен психо-физички развој кои што ни се секојдневни посетители на ординацијата. За овие пациенти најчесто треба посебно осветлување, одредени смирувачки бои и фреквенции на звуци кои помагаат со хиперсензитивноста на одредени дразби“, дополнува тој.

Како што дополнува д-р Кристијан во иднина има планови за проширување на ординацијата и отворање на нова специјализирана просторија за работа со лица со попреченост.

„Јас и мојот тим изработивме проект за отворање на една таква ординација со најсовремени бесшумни апарати, пристапни рампи за пациенти со помагала за одење и инвалидски колички и сензорни соби за намалување односно елиминирање на вознемиреноста и стравот од стоматолог кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања и кај лицата со посебни потреби.
Во иднина планираме отворање на една современа медицинска установа со мултидисциплинарен пристап кон овие пациенти“, завршува д-р Кристијан.

Маја Терзиова

(забелешка на авторот: Фотографиите кои се дел од овој напис најљубезно ни беа отстапени за објавување)

 

кристијан лица со попреченост Македонија Скопје стоматологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.