Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопирано проширувањето на империјата на Ѕинго во Општина Карпош

0
By Влатко Чаловски on February 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалистичката партија на Македонија на Љубисав Иванов Ѕинго заедно со својот партнер инвеститор, фирмата „Гренадер ДООЕЛ Скопје“, денеска добија решение од Општина Карпош за времен прекин на постапка за одобрение за градба на локација во населбата Тафталиџе 1.

Се работи за објектот на стариот Дом на култура кој е во непосредна близина на ОУ „Јан Амос Коменски“.

Општинските власти денеска информираа дека прекинот за постапката е поради тоа што за оваа локација, надлежно јавно обвинителство води предистражна постапка.

Стефан Богоев
Стефан Богоев

Откако пред неколку месеци ги платиле комуналиите, на СПМ и „Гренадер“ им било возвратено од Општината со писмо во кое ја барале трансакциската сметка за им бидат вратени парите, но пред само два дена, инвеститорите одговориле дека не сакаат да им се вратат средствата туку сакале да градат.

Денеска, градоначлникот на Карпош, Стефан Богоев им го испратил решението за прекин на постапката, со образложение дека надлежното јавно обвинителство побарало списи од општината поради истрагата.

„Решението за прекин на постапката е поради истрагата. Додека не се донесе одлука, ние побаравме да им ги вратиме парите бидејќи не сакаме штета ниту кај нив ниту кај општината“, вели Богоев.

Горан Иванов, синот на Ѕинго лобира кај Миле Јанакиески за измени во ДУП-от

Пред измените на Деталниот урбанистички план во 2016 година, на ова место било предвидено да се гради објект со намена култура.

Но по ДУП-от донесен на Бадник 2016 година, додека градоначалник на Карпош беше Стевчо Јакимовски, се става нова маркица по што предвидено е да се гради станбен објект со седум ката и лепенка хотел со приземје и пет ката.

При објавувањето на една од бомбите кои во јавноста излегоа од СДСМ и Зоран Заев, во еден од разговорите, помеѓу Горан Иванов и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески (во бомбата погрешно стои името на Емил Стојменов), се слуша како Иванов бара услуга од Јанакиески за да се направат измените за да се гради поголем објект.

СПМ и „Гренадер ДООЕЛ“ се едно исто

Фирмата „Гренадер ДООЕЛ Скопје“, која се јавува како партнер инвеститор на Социјалистичката партија на Ѕинго, е всушност во сопственост на газдата на телевизија Сител, Љубисав Иванов или во јавноста познат како Ѕинго.

Фирмата е основана во 2014 година, а како основач и сопственик во Централниот регистар на Република Македонија се јавува токму телевизијата која пред промената на власта, важеше за силен поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, кога лидер беше Никола Груевски.

 

Гренадер Ѕинго општина Карпош Сител Социјалистичка партија станбена зграда Стефан Богоев хотел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.