Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стотици пожари во Португалија, се бара помош од Европската унија

0
By Нова ТВ on August 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 3000 пожарникари се борат денеска со шумските пожари ширум Португалија, а оваа пиринејска држава побара помош од Европската унија за совладување на огнената стихија која се заканува да се прошири со оглед на високите температури кои метеоролозите ги најавија во наредните денови.

Службата за вонредни ситуации на Португалија соопшти дека вчера избиле 268 пожари, што е најголем број а пожари во еден ден годинава, додека 6500 пожарникари се обидуваа да ги стават под контрола, пренесува денеска агенцијата Ројтерс.

Постои страв дека многу од пожарите локализирани вчера можат повторно да пламнат денес, под влијание на попладневните силни ветрови и високи температури.

Исклучително сувото и топло време доведе до сега најголеми пожари во Португалија од почетокот на летото, при што 64 лица смртно настрадаа, а огнот повторно се распламти последните недели со доаѓањето на новиот бран на високи температури, наведува Ројтерс.

Португалската министерка за внатрешни работи, Константа Урбано де Соуса, рече дека доцна синоќа е пратено барање до ЕУ поради загриженост дека високите температури и силните ветрови би можеле наредните денови да ги зголемат пожарите.

Централната португалска област Коимбра прогласи вонредна состојба, како и четири помали области во тој регион.

Според податоците во ЕУ, повеќе од 14.000 хектари шума изгореа ова лето во Португалија, што е најмалку три пати повеќе во споредба со просечните штети од пожарите во последните десет години.

#Португалија Европска унија пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.