Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стразбур: Полицијата го бара напаѓачот од двете страни на француско-германската граница

0
By Нова ТВ on December 13, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската полиција упати апел за помош во пронаоѓање на осомничениот за вооружениот напад на божиќниот базар во Стразбур во кој загинаа три лица, едно лице е во клиничка смрт и 12 други се повредени.

Стотици полицајци го бараат Шериф Шекат (29), од двете страни на француско-германската граница.

Осомничениот имал низа кривични пресуди и станал радикален исламист додека бил во затвор.

Полицијата вели дека е многу опасен и апелира до населението да не му се приближуваат.

Француските власти денеска објавија дека починало уште едно, трето лице како последица од нападот во Стразбур. Пет лица беа тешко ранети. Од нив, уште едно лице се наоѓа во клиничка смрт.

Шекат бил во затвор и во Германија и во Франција, а германските извештаи сугерираат дека можеби добил повик од Германија непосредно пред нападот во Стразбур. Тој не одговорил на повикот, но истражителите се обидуваа да утврдат кој стои зад него, објави РББ Инфорадио.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, пред Парламентот изјави дека 720 полицајци и други припадници на безбедносните сили го бараат напаѓачот, кој е повреден во размената на оган со војници кои патролираа на божиќниот пазар во Стразбур, кога се случи нападот.

Во близина на границата, германската полиција спроведуваше претрес откако францускиот заменик министер за внатрешни работи, Лоран Нунез, призна дека напаѓачот веќе најверојатно не е во Франција.

Граничните агенти проверуваа возила што ја преминале реката Рајна, која ја обележува француско-германската граница, што доведе до долги линии на сообраќај во двете насоки.

Кастанер рече дека земјата е на највисоко ниво на опасност од напад, со што се проширени полициските овластувања и зголемена е будноста. Тој додаде дека безбедноста на сите божиќни пазари ќе биде засилена.

Француската влада и полицискиот синдикат ги повика демонстрантите од “жолтите елеци” да ги отповикаат демонстрациите планирани за сабота, за да им овозможат на властите да ја гарантираат безбедноста за божиќните празници.

Градоначалникот на Стразбур, Роланд Рис, изјави дека божикниот пазар ќе биде затворен во среда и четврток, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во локалната градска сала.

Светлата на Ајфеловата кула во Париз во текот на ноќта беа исклучени во чест на жртвите од нападот во Стразбур. Градоначалникот на Париз, Ана Хидалго, рече дека гестот треба да ја покаже поддршката на градот за семејствата на жртвите и за “цел Стразбур”.

напад напаѓач потрага Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.