Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмичкиот Центар за култура „Антон Панов“ и денеска не доби директор

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: strumica.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура денеска соопшти дека не е избран директор на Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица и при повторната постапка и покрај тоа што екс директорот Васил Бубев бил единствен од пријавените кандидати кој ги исполнил условите, но не е избран бидејќи прекршил законски одредби додека раководел со институцијата.

Имајќи го предвид фактот дека кандидатките Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Маннсбарт, и покрај укажувањето од Комисијата за селекција да ја достават потребната документација, тие тоа не го направиле. Поточно, едната кандидатка не доставила никаков дополнителен документ, а другата доставила сертификат кој што не соодветствува на меѓународно признатите сертификати утврдени во Законот за култура и предвидени во Јавниот оглас. Со тоа кандидатките повторно не ги исполнија условите на Јавниот оглас, стои во образложението на Министерството за култура.

Се додава дека во извештајот на Државниот Управен инспекторат било констатирано оти кандидатот Васил Бубев, во периодот додека бил директор на НУЦК „Антон Панов“-Струмица, ги прекршил член 10 од Законот за административни службеници и член 43, став 1 од Законот за вработени во јавниот сектор и затоа министерката Ирена Стефоска одлучила да не избере директор од пријавените тројца кандидати сè до распишување на нов Јавен оглас за избор на директор.

Одговорно лице на установата и понатаму останува досегашниот в.д. директор, Слободан Ѓошиќ.

директор Македонија министерство за култура Струмица Центар на култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.