Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија на „Фајзер“ за таблетата против ковид-19: Лекот е 90 отсто ефикасен и 100 отсто штити од смрт

0
By Sashko on November 6, 2021 СВЕТ
Фото: nbcboston.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ вчера информира дека нејзината антивирусна таблета против ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и бара нејзино итно одобрување. „Фајзер“ ги објави прелиминарните резултати од студијата што беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот „Паксловид“ заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.

Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.

Ретко е да се види лек, кој е 90 отсто ефикасен и кој 100 отсто штити од смрт, изјави научникот Мајкл Долстен.

Антивирусниот лек, кој се зема орално, во случај ја добие дозвола, има потенцијал „да спасува животи на пациенти, да ја намали сериозноста на болеста и да спречи девет од десет хоспитализации“, информираа претставници на „Фајзер“.

Компанијата планира што е можно побрзо да ги достави резултатите од студијата до Американската агенција за лекови ФДА. Кусо по објавените резултати од студијата, американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека САД обезбедиле милиони дози од експерименталната антивирусна таблета на Фајзер за лекување на ковид-19.

Ако ФДА ги одобри, наскоро би можеле да имаме таблети кои го лекуваат вирусот кај заразените. Терапијата би била уште едно средство во нашата кутија со алатки за заштита на луѓето од најлошите исходи на ковид, рече Бајден и додаде дека САД веќе обезбедиле милиони дози.

Според „Би-Би-Си“, и Велика Британија веќе нарачала 250.000 дози од новиот лек на „Фајзер“, кој сè уште не е одобрен, заедно со уште 480.000 дози на таблетата на „Молнупиравир“.

Велика Британија во четвртокот стана прва во земја во светот што ја одобри таблетата „Молнупиравир“ против ковид-19.

Британската агенција за лекови МХРА завчера првпат даде дозвола за таблета против ковид-19. Антивирусниот лек Лагеврио (познат и под името Молнупиравир) е сигурен и ефикасен за намалување на ризикот од хоспитализација и смртни случаи кај пациентите со ковид-19 кои имаат умерен и средно тежок облик на болеста, се вели во соопштение на британската Влада.

Лагеврио е прво антивирусно средство против Ковид-19 во светот што има добиено дозвола, а се зема орално. Европската агенција за лекови ЕМА на крајот на октомври најави дека ќе ја проверува употребата на „Молнупиравир“. ЕМА врши проверка и на седум други лекови против коронавирусот.

ефикасност Ковид-19 Свет студија Таблета фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.