НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за 27 април: Продолжува воведниот збор на одбраната

2
By Нова ТВ on August 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи четвртото рочиште за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, за кои Обвинителството поднесе обвинение против 33 лица, – пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, од кои против 31 за „ терористичко загрозување на уставниот поредок“, а двајца за помагање.

Денешното рочиште е продолжение на воведниот збор на обраната, а за денеска треба да говори бранителот на обвинетиот Горанчо Ангеловски, чиј претходен бранител го напушти на судењето во петокот, бидејќи немал доволно време да се подготви, бидејќи не му биле доставени обвинителниот акт и доказите.

По ова обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се чувствуваат за виновни по обвиненијата.

В петок, 31 август,  треба да почне доказната постапка, кога треба да бидат сослушани првите четворица сведоци предложени од ОЈО.

Првите четворица пратеници кои се поканети да сведочат се Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Судијката Добрила Кацарска, закажа 37 рочишта од 22 август до крајот на ноември.

Што се случуваше на третото рочиште

Владо Јовановски, чиј бранител Ставре Џиков, пред паузата ги изнесе воведните зборови, истакна дека го повлекува полномошното на Џиков, упатувајќи извинување кон судечкиот совет за наведените „навреди“ од страна на Џиков.

Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски изјавија дека жалат што нивни колеги биле претепани.

-Основата на обвинението е како од книгата „Дружината братско стебло”, рече Мукоски и додаде дека освен со колегите, не се познавал со останатите обвинети и според тоа, обвинението е во една основа нелогично. Мукоски, исто така кажа дека не го попречиле изборот на Претседател на Собранието, туку правеле кворум и дека жали за тоа што се случувало на пратениците, бидејќи тој со нив работел со години.

Василевски исто така рече дека немал никаква комуникација при која се спремало план да се спречи изборот на претседател.

-Не ни можам да направам акт на тероризам. Се заколнав и пред моето семејство дека ништо не сум знаел, не сум договарал, дека сум имал некаква умисла. Вакво обвинение со кое се обвинуваме за тероризам го има само во Македонија и Венецуела,  рече Василевски.

Мускоски и Василевски беа дел од пратениците кои на 27 април ги отворија вратите на Собранието, по што толпата влезе во зградата, а со нив и лицата со качулки, по што започнаа насилствата.

Обвинетиот Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во воведните зборови наведе дека поради збунетост и неодлучност на полициските службеници пред Собранието лично презел команда за консолидација.

Според Чавков, со негова проактивност и интервенција нападот на Собранието поминал без ескалации и без жртви, се реагирало навреме и за час и 20 минути ситуацијата била под контрола.

Митко Чавков

Тој рече дека откако интервенирал биле обезбедени дополнителни луѓе од единицата за специјални задачи, ги дал потребните наредби, како и дека жали за неуспешноста на единиците при влез во Парламентот.

Обвинителката Вилма Русковска завчера во воведните зборови рече дека ќе докажат оти Чавков бил информиран за сите настани.

Адвокатот на Нинџа: За време на нападот во Собранието, Нинџа беше во кафуле

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Оливер Вуксановиќ, во воведните зборови во судницата кажа дека ќе докаже оти неговиот браненик на 27 април не бил во Собранието за време на организираниот напад лани. Тој кажа дека не е точно обвинението оти Нинџа бил организатор, налогодавач и координатор на нападот на Собранието. Нинџа е еден од 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

„Ќе ви ја претставиме шемата на движење на Александар Василевски, ниту влегол ниту бил во Собранието како што Обвинителството бомбастично најавува и дека Кољо и Нинџа го координирале нападот на Собранието. Ќе докажеме во доказна постапка дека Александар Василевски во тој период пиел кафе и уживал во ресторанот ‘Дион’ и кафулето „’Тренд’ за што може да има проблем само со неговата сопруга, а никако со државата за насилно рушење на уставниот поредок”, рече Вуксановиќ.

Адвокатот Јанев: Игор Југ влегол во Собранието за да го одбрани Уставот

Адвокатот на Игор Југ кажа дека наводите на Обвинителството дека обвинетиот Игор се упатил кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштол се само празни зборови и чиста клевета.

Адвокатот Сашо Јанев рече дека Игор Југ влегол во Собранието на 27 април за да спречи пуч, за да спречи неуставен избор на претседател на Собрание, како и поради револт од пеење на химна на странска држава.

„Игор Југ ми одговори дека влегол во Собрание за да го одбрани Уставот, бидејќи, како државјанин бил должен да го одбрани суверенитетот на својата држава. Мојот клиент ми одговори дека срамота е маж од 120 килограми, патриот, да стои и да гледа како баби и дедовци влегуваат да го бранат Уставот и ми одговори дека нема да можел да се погледне во огледало доколку на 27 април не влезел со толпата во Собрание за да го одбрани Уставот“, рече адвокатот Јанев пред судот.

Во текот на двата дена колку што траеа воведните зборови на одбраната, тие го негираа обвинението и обвинија дека е политички мотивирано.

Обвинети се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

27.април одбрана судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.