Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за уривањето на „Космос“ продолжува на 9 февруари

0
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2018 14:17

Судењето за случајот „ТНТ“ на СЈО за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски ќе продолжи на 9 февруари. Претходно, на 2 февруари, одбраната треба да ги преземе од судот сите доказни материјали доставени од СЈО. Како што посочија обвинителите станува збор за 26 аудио снимки од телефонски разговори, 50 смс пораки и едно вештачење.

Одбраната претходно бараше да биде одложено нејзиното воведно обраќање додека не ги добие материјалите од судот. Судскиот совет го одби тоа, по што адвокатите се согласија да дадат воведен говор што ќе биде дополнет откако ќе им бидат доставени сите докази – аудио снимки, СМС пораки и вештачењата.

Одбраната истакна дека во постапката ќе докажат оти ниту еден од обвинетите не го сторил делото за кое се товари и дека тоа не постои. Тврдат дека ќе докажат и оти градбата на „Космос“ била надвор од градежните процеси и како таква морала да биде урната. Адвокатите забележаа и дека воведните обраќања ги дава при нерамноправна положба и нееднаквост со СЈО.

Сите седуммина обвинети, меѓу кои и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, се изјаснија како невини на денешното прво рочиште за  во предметот „ТНТ“.

Според СЈО, обвинетите во 2011 сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски. Обвинителите истакнаа дека обвинението ќе го докажат преку собраните материјали и докази, како и сведочења на лица и вештаци.  Според Обвинителството, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Груевски, Јанакиески, Трајковски и останатите четворица обвинети Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева, пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да можат да се користат како докази во судската постапка.

Груевски Јанакиески Космос ТНТ Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

ВЕСТИ August 14, 2026

Откако минатата недела и од централниот и од локалниот кризен штаб беше оценето дека квалитетот…

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.