Судиите од Апелацискиот суд Скопје издвоија дел од априлската плата и донираа вкупен износ од 487.500 денари во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од ковид-19.
„Согласно препораката на Судскиот буџетски совет од 04.05.2020 година за донирање на дел од платите на судиите за месеците април и мај 2020 година, судиите од Апелацискиот суд Скопје од априлската плата донираа износ од 487.500 денари во Фондот за помош и подршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот“, соопштија од Апелацискиот суд.
Минатата недела и судиите од Основниот кривичен суд Скопје донираа во просек по 200 евра во солидарниот ковид фонд. Од Кривичниот суд истакнаа дека издвоената просечна сума е над 20 отсто од судиската плата.