Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судијата Иван Џолев поднел кривична пријава против Владимир Панчевски

7
By Нова ТВ on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијата Иван Џолев денеска преку соопштение, кое го објави Фокус http://fokus.mk/sudijata-ivan-dholev-go-tuzhi-pretsedatelot-na-krivichniot-sud-vladimir-panchevski/, најави дека ќе поднесе кривична пријава против судија во Кривичниот суд поради кривично дело поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија.

Фокус објави дека судијата против кој Џолев ја поднесува кривичната пријава е Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд.

Во соопштението на Џолев се вели дека поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го открие идентитетот на судијата, ниту пак ќе ги каже неговите иницијали.

„Денес настапувам како граѓанин, индивидуа, како судија на Кривичниот суд кој се залага за владеење на правото и правната држава, а во смисла на чл.103 од Судскиот деловник. Верувам дека Јавното Обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ќе преземе процесни дејствија во врска пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој преседан односно исклучок само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно законите и се залагаат за владеење на правото“, пишува во соопштението на Џолев.

НОВА разговараше телефонски со судијата Џолев кој единствено рече дека нема да го открие името на судијата, но не ги негираше ниту потврдуваше информациите дека тоа е токму Панчевски.

“Единствено ќе речам дека го тужам за влијание врз судот за што е предвидена казна затвор од 1 до 5 години”, рече тој.

Го контактиравме и претседателот на судот кој е зачуден што се споменува неговото име бидејќи тој уверува дека работи законски и професионално.

“Ќе давам коментари кога ќе ја видам кривичната пријава ако е против мене”, вели Панчевски за НОВАТВ.

Инаку Џолев ја водеше истражната постапка против претседателот на советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ и беше на списокот на Панчевски за прераспределба на судии од Кривичниот суд во одделот за прекршоци.

Владимир Панчевски Иван Џолев Кривична пријава судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.