Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот одлучи: Германските градови можат да забранат дизел возила

0
By Нова ТВ on February 27, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Штутгард и во Дизелдорф законски може да биде забрането возење на постари дизел возила. Ваква одлука денеска донесе Сојузниот административен суд во Лајпциг.

Одлуката на највисокиот сојузен административен суд во земјата следеше откако германските држави поднесоа жалби против забраните наметнати од страна на локалните судови во Штутгарт и Дизелдорф, во случаите поднесени од групата за животна средина ДУХ.

Таа вели дека забраните се неопходни откако во околу 70 германски градови минатата година е надмината границата на Европската унија за присуство на азотен оксид (NOx) во воздухот, што според екологистите е најголем предизвикувач на респираторни заболувања.

ДУХ соопшти дека се надева дека забраните во германските градови ќе го запрат „отпорот“ на индустријата да ги унапреди постарите автомобили кои загадуваат да ги исполнат најновите стандарди на ЕУ.

-Ова е одличен ден за чист воздух во Германија, изјави директорот на ДУХ Јурген Реш.

И германската влада и автомобилската индустрија се спротивставија на забраната, која претставува преседан за целата земја.

Тие стравуваат дека ќе им биде нарушен животот на сопствениците на дизел возилата и возилата ќе ја изгубат вредноста.

Канцеларката Ангела Меркел лобираше против забраната, бидејќи смета дека ова може да предизвика големо незадоволство кај граѓаните и значајно да го наруши секојдневното живеење во градовите.

Дизел моделите на автомобили се најдоа на „црната листа“ откако беше откриено дека Volkswagen лажел на тестовите во врска со емисија на штетните гасови.

Работите се влошуваа по истите вакви обвиненија и за Mercedes-Benz и BMW, па се поголем е бројот на европски метрополи кои донесуваат мерки против дизелите.

Дозволената граница на загадување на воздухот е пречекорена во 70 градови, во 20 дури премногу, покажуваат истражувањата на загадувањет на воздухот во Германија. Последните истражувања на КАР-центарот за истражување на мобилноста на Универзитетот Дуизбург-Есен, се спроведени во првите шест недели од оваа година, при што со 399 мерни станици се мерени вредностите на азотен оксид во 35 градови.

Ваква забрана би била голем удар за германската автомобилска индустрија. Затоа се поголем број производители се свртуваат кон производство на хибридни и електрични возила, а некои (како Porsche) дури најавија и елиминирање на дизел моторите во целост во блиска иднина.

Дизел-скандалот и дискусијата за можни забрани за возење доведоа до тоа бројот на новорегистрираните дизел-автомобили да падне прилично многу – во 2017 година е забележан пад од 13%. Истовремено, регистрирани се 14% повеќе новорегистрирани „бензинци“.

 

Германија дизел возила забрана Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.