Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Романија побара разрешување на главната обвинителка Ковеши

0
By Нова ТВ on June 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд во Романија донесе одлука со која му нареди на Претседателот на државата да ја разреши главната обвинителка на Националниот антикорупциски директорат Лаура Кодруга Ковеши.

Со ваквата одлука, кулуминираа несогласувањата меѓу Владата и Претседателот кој претходно го одби барањето на  министерот за правда да ја разреши Ковеши.

Во годишниот извештај што таа го презентираше во февруари годинава, Ковеши кажа дека во 2017 година пред Суд биле  изведени 1.000 функционери под обвинение за корупција. Помеѓу нив има тројца министри, шест пратеници и поранешен претседател на Парламентот. Исто така, таа наведе дека директоратот кривично гонел 713 функционери, вклучувајќи и 28 градоначалници, 38 директори на јавни институции и еден сенатор. „Сепак, корупцијата во Романија е и понатаму голема, на пример некои директори на болници земале милиони евра мито, а злоупотребите на ЕУ фондовите биле двојно зголемени“ рече Ковеши.

Новото раководство на Социјалдемократската партија со месеци се обидува да ја разреши Ковеши која осуди и неколку видни членови на оваа партија, вклучувајќи го и поранешниот партиски лидер за изборни нерегуларности. Владеачката партија  ја обвинува  дека како шеф на Агенцијата за борба против корупцијата води случаи кои биле политички мотивирани.

По одлуката на Уставниот  суд, во Букурешт и во други градови имаше протести на кои насобраните граѓани извикуваа „Стаорци“ и „Крадци“, а граѓанските организации побараат итна средба со Претседателот.

Според нив, обвинувањата на власта за работата на обвинителката се неосновани и ја доведуваат во прашање независноста на судството.

Правниот систем во Букурешт е под посебен мониторинг од Брисел кој стравува дека и во Букурешт може да се зголеми владината контрола врз судството по примерот на  популистичките владејачките партии во Унгарија и Полска.

Претседателот на Романија Клаус Јоахнис денеска кажа дека обвинителите “не можат да бидат подредени на кој било политичар, дури и ако тоа е министер”.

Специјалното јавно обвинителство (ДНА), беше формирано во 2006 како еден од условите од Брисел за влез на Романија во Европската Унија.

Влада Кувеси Романија судство Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.