Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Стразбур пресуди во полза на скопјани исклучени од централно греење

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 27, 2020 15:37

Европскиот суд за човекови права оцени дека Северна Македонија не го заштитила имотот на лицата кои не сакале да ја подмират фиксната сметка за топлинска енергија на исклучените станови од мрежата за централно греење. Во улога на тужители се јавија Стрезо Стрезовски, Цане Николовски, Ацо Спасовски, Јосип Јуван, Зоран Костовски, Трајанка Накевска, Енвер Исени и Соња Налбанти-Димоска, државјани на Северна Македонија со место на живеење во Скопје, кои се пожалија дека биле должни, според националните регулативи, да плаќаат на приватните добавувачи фиксна сума за затоплување на нивните станови, иако тие веќе не биле поврзани со мрежата за греење.

Сите тужители се сопственици на станови во станбени згради кои се поврзани со мрежа за централно греење, управувана од приватни добавувачи. Нивните станови беа исклучени од оваа мрежа или на нивно барање или на барање на поранешните сопственици пред 2012 година, датумот на влегување во сила на регулативата со која се обврзуваат корисниците кои веќе не се поврзани со мрежата да им плаќаат на приватните добавувачи фиксна годишна претплата.

Во 2013 година, Уставниот суд оцени дека одредбата од оваа регулатива е во согласност со Уставот, оценувајќи дека оваа фиксна наплата е цената која што корисниците, кои се исклучени од мрежата, мораа да ја платат за топлината што ја примаа индиректно од другите станови во зградите загреани од мрежата.

Домашните судови, се посочува, го потврдија ова толкување и ги отфрлија граѓанските постапки на жалителите со кои тие ја сопреа наплатата на фиксната претплата за која се жалеа. Судовите сметаа дека, како индиректни потрошувачи, од апликантите се бараше да го платат фиксниот износ, без оглед на нивните индивидуални околности.

Во 2018 година, Врховниот суд го ограничи обемот на ова толкување со исклучување на плаќање на надоместокот за одредена категорија станови доколку се исполнети одредени услови. Потпирајќи се на член 1 од Протоколот бр. 1 (заштита на имотот), жалителите тврдеа дека нивната обврска да ја платат спорната такса го нарушила нивното право на сопственост.

Според Судот од Стразбур, во овој случај имало прекршување на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човекови права. Притоа е одлучено на жалителите да им се исплатат следните суми: по 1.000 евра на Исени и Налбанти-Димоска за нематеријална штета, како и 320 евра на Стрезовски, 2.100 евра за Исени и 360 евра на Налбанти-Димоска за трошоци.

греење Македонија паушал пресуда Станари Стразбур Суд за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.