Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судски совет потврди, Рибарев вчера ја поднел оставката

1
By Нова ТВ on October 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на својата веб-страна потврди дека ВД Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, Стојанче Рибарев на 20.октомври до Судскиот совет на Република Македонија доставил писмено известување дека од истиот ден се наоѓа на отворено боледување и дека негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.

Пет дена подоцна Рибарев доставил до Судскиот совет писмено известување дека поднесува оставка од функцијата ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Рибарев навел дека причините за поднесувањето на оставката се од лична природа.

Судскиот совет соопштува дека по двете писмени известувања, во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница на која ќе одлучува за наследникот на Рибарев.

Боледувањето на досегашниот прв човек на Кривичниот суд доаѓа непосредно откако беше сослушан од Специјалното јавно обвинителство кое води предистражна постапка дали бил злоупотребен АКМИС – системот за електронско распоредување на судските предмети и дали Владимир Панчевски, екс-претседателот на Кривичен, издавал информации за судски случаи.

Кривичен суд Основен суд Скопје 1 оставка Стојанче Рибарев Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.