Судскиот совет денеска на седница донесе одлука да им се одземе мандатот на судии, информираа од Советот.

Станува збор за судии од Управниот суд кои се обвинети во случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Барањето за одземање на имунитетот не било упатено од СЈО, туку од Кривичниот суд.

Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзулаи.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски денеска цел ден не одговараше на телефонските повици од НОВА ТВ.