Нејмар би можел да стане најскап фудбалер во светот во летниот преоден рок. Според шпанските медиуми, Манчестер Ј. е подготвен да ѝ понуди на Барселона 200 милиони евра за привлекување на бразилскиот напаѓач на „Олд Трафорд“ кој, во случај на реализација на трансферот, би имал 480.000 евра неделна плата.
Веста ја објави весникот „Спорт“ и доаѓа по неодамнешното интервју во кое ѕвездата на Каталонците, меѓудруго, рече дека Јунајтед е една од екипите во Премиерлигата за која би сакал да заигра.
„Премиерлигата ме одушевува. Се восхитувам на Манчестер јунајтед, на Ливерпул, на Манчестер сити, на Челзи, на Арсенал. Ако кон нив ги додадеме и најдобрите светски тренери како Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, кој не би сакал да игра во Англија“, истакна Нејмар пред десетина дена.
Најскап трансфер засега е оној на Пол Погба за кого Јунајтед му плати Јувентус 105 милиони евра. Тоа е речиси двојно помала сума од најавена што челните луѓе на „црвените ѓаволи“, вклучувајќи го и Мурињо, се спремни да ја издвојат за Бразилецот.