Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суомалаинен: Слободата на медиумите во Македонија почнува да заживува

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 13, 2018 15:50

Амбасадорката на ОБСЕ во заминување, Нина Суомалаинен во интервју за МИА вели дека слободата на медиумите во Македонија пополека почнува да заживува, но сепак, додава, оти постојат уште многу критични прашања.

Тој напредок вели амбасадорката, веќе е забележан во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР за локалните избори минатата година, во кој меѓу другото беше напоменато дека медиумите избалансирано известувале за учесниците во изборниот процес.

Како критични ги наведе предизвиците со кои се соочува МРТ, меѓу кои и кадровските решенија и неказнивоста на криминални дела извршени врз новинари.

– Целосно свесни за потребата од подобрување на безбедноста на новинарите нашата мисија ги обедини силите со ЗНМ и МВР. Заедно ќе работиме на подобрување на безбедноста на новинарите и ќе ставиме крај на неказнивоста на криминалот врз новинари, вели Суомалаинен.

Во интервјуто таа се осврнува на повеќе теми, реформите на правосудниот систем, миграциската криза, законот за јазиците, тероризмот, контрола на оружјето, полицијата, родовата еднаквност, а говори и за нејзините натамошни чекори во кариерата.

Суомалаинен нагласува дека ОБСЕ го поддржува процесот на развој на независно, непристрасно и професионално судство, ослободено од какво било влијание, а посебно ја поздрави работата на СЈО, за кое рече, дека откако е формирано покренало 20 обвиненија, а судењата се во тек.

Како особено достигнување на мисијата додека таа ја раководеше го спомена одговорот на мигрантската криза и брзата ефективна поддршка за граничната полиција.

– Распоредивме мобилни тимови на границите и презедовме мерки за да им помогнеме на властите да го зајакнат управувањето со границите. Ја промовиравме регионалната соработка со цел да се детектира организираниот криминал на групите кои се занимаваат со трговија со луѓе меѓу мигрантите, истакнува амбасадорката.

Со оглед на тоа дека примарна цел на Мисијата на ОБСЕ е имплементацијата на Охридскиот договор, кој ќе биде заокружен со законот за јазиците, таа вели дека државата треба да работи со сите граѓани без разлика на нивното потекло и додаде дека јазикот е важно прашање во мултиетничките држави.

Вели дека во Финска, земјата од која потекнува, има два службени јазика, фински и шведски. Шведското малцинство во Финска, додава таа, претставува помалку од шест проценти од целокупната популација.

– Ние бевме дел од Шведска до 1809 година, но поради историски причини и поради зачувување на принципите на нордиската соработка, сакавме да го зачуваме шведскиот јазик како официјален. Секоја земја и нејзините граѓани треба да одлучат за тоа на кој начин ќе се движат напред, а тоа важи и за прашањето за јазиците. Нема еден единствен модел одобрен од меѓународното право, но можам да ве уверам дека нашата мисија ќе продолжи да ги поддржува напорите, кои имаат цел да изградат навистина кохезивно и мултиетничко општество, вели Суомалаинен во интервјуто.

Од Македонија таа заминува на позицијата извршен директор на невладината Брз одговор за правдата (Justice Rapid Response), со седиште во Женева, која и помага на меѓународната заедница да стави крај на неказнувањето на злосторствата и сериозните прекршувања на човековите права преку доставување на брзи, непристрасни и добро спроведени истраги.

За тоа кој ќе биде нејзиниот наследник во Македонија вели дека процедурата за избор се уште е во тек и оти се номинирани неколку кандидати, а до назначувањето на новиот амбасадор Мисијата ќе ја предводи Џеф Голдстаин.

За време на престојот во Македонија уживала во нејзините природни убавини, а изминатите три години се посветила и на активностите за заштита на злоупотребуваните, запоставените или напуштени животни.

– Голем број кучиња од Скопје веќе најдоа свои домови во Финска, додава амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во заминување Нина Соумалаинен во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре.

интервју напредок Нина Суомалаинен ОБСЕ слобода на медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

ВЕСТИ May 11, 2026

Барел сурова нафта од типот Брент поскапе за околу 4% откако надежите за мирно решавање…

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.