Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка:Прогресивниот данок е добар за приходите и за еднаквоста

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 9, 2018 14:11

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста.  Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ се вели дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот и ќе се подобри еднаквоста во Македонија.

Во објавената анализа Банката за Македонија наведува дека земјата одржуваше ниски даночни стапки и нудеше даночни стимулирања за привлекување странски директни инвестиции, што, според Светската банка, имаше голема фискална цена. 

Согласно анализата државните приходи во Македонија, како удел во БДП, не само што се меѓу најниските во Европа, туку и се намалувале во последните 10 години. Во 2017 година тие биле 31 процент од БДП, додека просекот на Европската Унија е 45 проценти.

Во анализата Светска банка се вели дека зголемувањето на прогресивноста на персоналниот данок на доход, би резултирало со прибирање на поголем дел од приходите од богатите отколку од сиромашните. Со оглед на тоа дека 98 проценти од даночните обврзници заработуваат помалку од 720.000 денари годишно, релативно високиот праг на приходи би донел придобивки како во делот на приходите така и во еднаквоста.

-Бидејќи имаат мал придонес во приходите Македонија има простор за зголемување на нејзините директни даноци. Персоналниот данок од доход, данокот на добивка и даноците на имот во 2017 година, заедно сочинуваа 4,5 проценти од БДП, што е значително помалку отколку во споредбените европски земји. Нешто повеќе од половината доаѓаше од ПДД, наспроти просечните 3,7 проценти во Западен Балкан и девет проценти во ЕУ, стои во анализата.

Според Светска банка, јавните приходи во земјава се намалувале главно поради две причини: поради намалување на стапките на персоналниот данок од доход и воведување на ослободувања, вклучително и за странските инвеститори. Овие промени запривлекување на инвеститорите и за промовирање на формалното регистрирање на неформалните активности имале различно влијание, се вели во анализата.

Земјата имала успех во намалувањето на невработеноста, но тие ослободувања ја намалиле даночната основа и создале нееднаков терен за работа на бизнисите.

Македонија оценка Прогресивен данок Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.