Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска трка за вакцина против Ковид-19: До каде сме во моментот?

0
By Нова ТВ on June 29, 2020 СВЕТ
Фото: sciencefocus.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Велика Британија, во моментот, се спроведуваат две испитувања врз луѓе за пронаоѓање на вакцина против Ковид-19. Едното е на Универзитетот во Оксфорд, а второто на „Империјал колеџ“ во Лондон, а заеднички за двата тима е надежта дека ќе имаат резултати до крајот на годината, како и договори за нивно производство. Но, постојат и други испитувања ширум светот во обид за изнаоѓање на ефикасен лек за заштита на луѓето од коронавирусот.

Истражување на Универзитетот во Оксфорд за ваквина против Ковид-19

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд уште минатиот месец ги најавија втората и третата фаза на клинички испитувања на вакцината во Велика Британија. Првата фазата на тестови врз здрави возрасни волонтери започна во април пришто се завршени над 1.000 имунизации. Над 4.000 учесници се веќе запишани за учество во истражувањето во земјата, а пријавени се дополнителни 10,000 лица додека истражувачите ја тестираат вакцината позната како ChAdOx1 nCoV-19.

Истражувања се водат и во Јужна Африка и во Бразил со надеж дека резултати од нив ќе бидат достапни до септември, при што се планира веднаш да се пристапи кон производство на ефективната вакцина против Ковид-19. ChAdOx1 nCoV-19, се вели во текстот на www.sciencefocus.com, е направена од вирус (ChAdOx1), ослабена верзија на обичен вирус на настинка (аденовирус) што предизвикува инфекции кај шимпанзата, но е генетски модификуван така што е невозможно да се реплицира кај луѓе.

Истражување на „Империјал Колеџ“ во Лондон за ваквина против Ковид-19

Мала доза од потенцијалната вакцина што се развива на „Империјал Колеџ“ во Лондон, пак, беше дадена на првиот здрав волонтер на 19 јуни. Истражувачите притоа изразија надеж дека учесникот ќе остане во стабилна здравствена по инјектирањето. Втората доза за зајакнување се планира да биде вбризгана во рок од четири недели, а во експерименталното тестирање се најавени преку 300 здрави учесници.

Вакцината е замислена да дејствува со доставување на генетски инструкции до мускулните клетки за создавање на т.н. „шилест“ протеин на површината на Sars-CoV-2 чие присуство треба да продуцира имунолошки одговор и заштита од Ковид-19. Доколку вакцината се покаже безбедна и даде ветувачки имунолошки одговор, се очекува нејзино натамошно развојно испитување во кое ќе учествуваат 6.000 луѓе во октомври.

Останати истражувања на вакцини против коронавирус во светот 

Научници во САД во март започнаа со човечки испитувања за вакцина, а веќе во мај изразија оптимизам, според нејзините рани индикации, дека може да го подготви имунолошкиот систем за борба против Ковид-19. Притоа објавија дека неутрализирачки антитела биле пронајдени кај првите осум лица кои учествувале во безбедните испитувања за експериментална вакцина mRNA-1273.

Лек, тестиран од компанијата „Модерна“, е инјектиран во мали дози од генетскиот код на Ковид-19 кај пациенти. Потоа и фармацевтските компании „Санофи“ и „ГСК“ ги здружија силите во насока на пронаоѓање на вакцина против Ковид-19 до средината на следната година и потенцираа дека ќе почнат со клинички испитувања во втората половина на оваа година. Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Питсбург, пак, работат на лепенка со големина на прсти што може да биде потенцијална вакцина за коронавирус.

Кандидати за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот има и во голем број други земји низ целиот свет, вклучувајќи ги Кина и Австралија.

Ако се развие успешна вакцина, дали може да се произведе по скала?

Производството на вакцината веќе е обезбедено пред истражувањата за да се подготви што е можно порано за потенцијално идно распоредување.

„AstraZeneca“ постигна договор со европската Инклузивна Алијанса за Вакцини (IVA) да обезбеди до 400 милиони дози на вакцината против Ковид-19 на Универзитетот во Оксфорд без никаков профит, а за испорака се обврза да започне до крајот на 2020 година.

Компанијата, исто така, комплетирала слични договори со Велика Британија, со САД, со Коалицијата за епидемиски иновации и Гави Алијансата за 700 милиони дози на вакцини. Таа, исто така, договори лиценца со Серумскиот Институт на Индија за набавка на дополнителни една милијарда дози, главно за земјите со ниски и средни приходи. Нејзиниот вкупен производствен капацитет во моментот изнесува две милијарди дози.

„Империјал“, исто така, формира ново социјално претпријатие наречено VacEquity Global Health (VGH) за развој и дистрибуција на својата вакцина низ Велика Британија и во целиот свет. GlaxoSmithKline со седиште во Велика Британија здружи сили со партнери ширум светот за развој и производство на голем број вакцини за оваа коронавирусот. Меѓу компаниите кои работат на пронаоѓање на вакцина против Ковид-19 се и „Johnson and Johnson“ и „Pfizer“.

Ваквина Велика Британија истражувања Ковид-19 САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.