Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските лидери со остра осуда на Путин

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 24, 2022 16:57

Светските лидери упатија остра осуда до рускиот претседател Путин по повод денешните случувања. Во изјави и реакции тие го повикаа рускиот лидер да ја повлече војската и да се воздржи од натамошни напади.

Генералниот секретар на Обединетите Нации Гутереш вечерта пред нападот упати порака до Путин да ги спречи руските трупи од напад на Украина.

„Вечерва имам само едно да кажам од дното на срцето. Претседателе Путин спречи ги твоите трупи од напад на Украина. Дади му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе умреа“. Веднаш по нападот на Русија врз Украина тој подвлече дека ја поправа изјавата од претходната вечер и рече: „Претседателе Путин, во име на човештвото, врати ги трупите назад во Русија. Овој конфликт мора да заврши веднаш“!

Урсула вон дер Лејен, претседателка на Европската комисија нагласи дека „руските сили ја нападнаа Украина, слободна и суверена земја“.

„Го осудуваме овој варварски напад и циничните аргументи кои се користат за негово оправдување. Подоцна денеска ќе претставиме пакет масивни, насочени санкции“, изјави таа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пак, ја пренесе силната осуда на сојузниците на руската инвазија на Украина и додаде:

„Ја повикуваме Русија веднаш да прекине со својата воена акција, да ги повлече своите сили од Украина и да избере дипломатија. Ние целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и правото на Украина на самоодбрана“, истакна тој и посочи дека Северноатлантскиот совет одлучи да ги активира одбранбените планови на НАТО за заштита на сојузничките нации за време на оваа криза. „Ние ќе продолжиме да правиме се што е потребно за да ја заштитиме Алијансата од агресија“, подвлече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече рускиот напад врз Украина „катастрофа за Европа“.

„Претседателот Путин го избра патот на крвопролевање и уништување со тоа што го започна овој неиспровоциран напад врз Украина. Велика Британија не може и нема само да погледне настрана од рускиот грозен и варварски напад врз Украина“, рече Борис Џонсон.

Тој додаде дека Обединетото Кралство и сојузниците ќе започнат „масовен пакет“ санкции за да ја загрозат руската економија. Обединетото Кралство и неговите сојузници, како што најави, ќе се согласат за масовен пакет економски санкции во обид да ја загрозат руската економија. Џонсон предупреди дека Западот ќе треба да ја прекине својата зависност од руската нафта и гас.

„Нашата мисија е јасна: дипломатски, политички, економски и на крајот воено, овој грозен и варварски потфат на Владимир Путин мора да заврши со неуспех“, истакна Џонсон.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети последици за руската инвазија на Украина во четвртокот, опишувајќи ја како пресвртница во историјата на Европа. Неговите коментари уследија откога Русија ја нападна воената инфраструктура низ Украина поради извештаите за жртви на
двете страни.

Американскиот лидер Џо Бајден рече: „Ова е почеток на руската инвазија на Украина. И ако Русија продолжи понатаму со оваа инвазија, ние сме подготвени да одиме понатаму – со санкција. Кој на Путин му дава право да прогласи нови таканаречени земји на територија што им припаѓала на неговите соседи? Ова е флагрантно кршење на меѓународното право и бара цврст одговор од меѓународната заедница. Во текот на последните неколку месеци, тесно се координиравме со нашите НАТО сојузници и партнери во Европа и ширум светот за да го подготвиме тој одговор. Ние цело време рековме и му кажав на Путин пред повеќе од еден месец – пред повеќе од еден месец дека ќе дејствуваме заедно и во моментот кога Русија ќе се пресели против Украина“, нагласи Бајден.

Денес, рече тој, ја објавувам првата транша од санкциите за наметнување трошоци на Русија како одговор на нивните вчерашни акции.

-Тие беа тесно координирани со нашите сојузници и партнери и ќе продолжиме да ги ескалираме санкциите доколку Русија ескалира. Спроведуваме целосно блокирачки санкции на две големи руски финансиски институции: V.E.B. и нивната воена банка. Воведуваме сеопфатни санкции за рускиот државен долг. Тоа значи дека ја прекинавме руската влада од западното финансирање. Таа веќе не може да собира пари од Запад и не може да тргува со својот нов долг ниту на нашите пазари, ниту на европските пазари“, изјави американскиот претседател.

Б.Ј.

криза реакции светски лидери Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.