Ал Аин е прв финалист на Светското клупско фудбалско првенство чиј домаќин се Обединетите Арапски Емирати. Тимот предводен од Зоран Мамиќ во полуфиналето го елиминира јужноамериканскиот првак Ривер Плата, по подобро изведување пенали, со 5:4. Мечот во регуланите 90. минути заврши 2:2 по што мрежите мируваа во двете продолженија по 15 минути.

Берг во третата минута и Кајо во 51. минута реализираа за Ал Аин, Боре, пак, беше двоен стрелец за екипата од Буенос Аирес во 11 и во 16. минута. Аргетинскиот клуб можеше да го реши прашањето на победникот уште во 90 минути доколку Мартинез го реализира пеналот во 69. минута.

Попладнево (среда, 17.30 ч.) се игра второто полуфинале на СП за клубови меѓу Реал Мадрид и Кашима Антлерс. Финалето е закажано за сабота во 17.30 ч.).

Во натпревар за петтото место на турнирот, Есперанса од Тунис на пенали (6:5) ја совлада Гвадалахара по нерешените 1:1 во основниот дел.

Светско клупско првенство

Полуфинале

Ривер Плата – Ал Аин 2:2 (на пенали 4:5)

Реал Мадрид – Кашима Антлерс (среда, 17.30 ч.)

За петто место: Есперанса – Гвадалахара 1:1 (на пенали 6:5)

Финале: сабота, 17.30 ч.