Децата и адолесцентите се под помал ризик од тежок облик на ковид-19, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО), при тоа упатувајќи апел до државите да ги споделат вакцините со сиромашните држави во рамките на програмата КОВАКС.
СЗО укажа на ретката појава на воспаление на срцевиот мускул кај помладите лица по примање на мРНК вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“, но нагласи и дека последиците се благи и луѓето кои имале несакани ефекти добро реагирале на лекувањето на миокардитот.
„Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со недостиг на вакцини, земјите кои вакцинирале многу луѓе треба прво да ги споделат вакцините со остатокот од светот, пред да ги вакцинираат децата и адолесцентите“, наведе СЗО.