Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тачи: Изборите треба да бидат демократски, кога и да се одржат

0
By Нова ТВ on April 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 5, 2016 15:40

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска не сакаше да коментира дали изборите треба да се одржат на 5 јуни, туку само посочи дека треба да се исполнат сите услови тие да бидат фер и демократски и оти сите треба да работат на тоа.

-Не би зборувал за конкретен датум, вие знаете дека тој датум нема ништо заеднички со нас и во моментот кога се гласаше во Собранието ние бевме воздржани. Јас опстојувам на тоа дека до дента на избори, кој било ден да биед треба да се исполнат сите услови за фер избори, иначе може се да пропадне, изјави Тачи по средбата со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон.

Тој истакна дека и на средбата со Даниелсон разговарале за изборите.

-Со соговорникот утврдивме дека Македонија во споредба со лани кога беше пред амбисот се повлекла назад. Се сложивме дека фер и демократски избори се главниот лек за големата рана што се отвори минатата година. Сите политички партии треба да работат на исполнување на условите до денот на изборите, зашто по тоа ќе има проценка и сите треба да мислиме дека таа проценка за земјата треба да значи одење напред, посочи претседателот на ДПА.

Во Брисел вчера Даниелсон имаше средба и со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој по средбата изјави дека станало збор за актуелната политичка состојба во земјата и за процесот на организирање и подготовка на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 5 јуни.

Даниелсон доаѓа во Македонија пред најавеното распуштање на Парламентот, а денеска пратениците ги изгласаа и новите министри во Владата предложени од ДУИ.

Даниелсон: Има уште многу работа до одржување на кредибилни избори

Ахмети до Даниелсон: ДУИ нема да биде жртва на монтирани материјали

ДПА избори Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.