Browsing: АБА лига

Белградските „црвено-бели“ го прегазија црногорскиот состав со 97:54 во петтиот меч во финалната серија во АБА лигата за конечни 3:2 четврти трофеј во регионалното натпреварување

Црногорскиот тим го одбрани домашниот терен против Црвена звезда, славеше со 84:80 (по четвртини: 20:25, 15:13, 22:20, 27:22) и израмни на 2:2 во финалната серија за шампионската титула. Решевачкиот петти меч е во понеделник во почеток во 19 часот

Црногорскиот состав славеше со 80:72 што е негов прв триумф во шесте меча со „црвено-белите“ во оваа сезона. Наредниот меч меѓу двата тима е во петок од 19 часот и со евентуална победа на екипата од Подгорица ќе следува мајсторка во Белград

„Штрковите“ славеа на гостувањето кај Задар со 89:83 (по четвртини: 30:18, 27:18, 22:25, 10:22) и се најдоа на чекор до враќање во елитното регионално кошаркарско друштво за што им треба уште една победа. Вториот натпревар од серијата меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Задар е на 23 април во 18 часот во Скопје, а евентуалната мајсторка е на 30 април од 17 часот на брегот на Јадранот

Доколку дојде до финална реализација на најавата, тогаш „црвено-белите“ од Пиреја ќе бидат петти клуб надвор од просторите на екс Југославија по Левски Софија (Бугарија), Нимбурк (Чешка), Шолнок (Унгарија) и Макаби Тел Авив (Израел)

„Црвено-белите“ го совладаа Морнар со 88:69 (по четвртини: 26:19, 26:18, 16:19, 20:13) за конечни 2:1 во полуфиналната серија подобар од три со што обезбедија пресметки со Будуќност за тронот во регионалното натпреварување. Шампион ќе биде екипата која ќе стигне до три победи во финалето. Серијата за титулата почнува на 9 април во Белград

Македонскиот првак загуби од словенечкиот со 55:96 што претставува најубедлив пораз на домашен терен во досегашните шест сезони колку што е дел од Јадранот и загуби секакви шанси за избегнување на последното место на табелата на крај на регуларниот дел од сезоната

„Црно-белите“ го совладаа македонскиот шампион со 112:94 (по четвртини: 32:19, 37:23, 19:28, 24:24) во меч од 12 коло во АБА лигата. На аеродромци, кои се наоѓаат во тешка криза, им преостанува да трагаат за трета радост во јадранската сезона во некоја наредна, поповолна, прилика