Browsing: АБА лига

Хрватскиот состав славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 85:80 (18:15, 21:24, 22:24, 24:17) во меч со кој беше заокружена третата рунда од регионалното натпреварување. Јуре Лалиќ со 23 поени најефикасен на средбата, Лука Божиќ со епитетот МВП на колото. „Штрковите“ во наредното коло ќе ѝ гостуваат на Игокеа

Аеродромци во премиерата ги совладаа белградските „црно-бели“ со 92:89 (по четвртини: 26:25, 16:23, 21:19, 29:22) и најавија поинаква своја улога во новиот регионален шампионат за разлика од претходниот, но и јасно дадоа до знаење на конкуренција дека лесни бодови во СЦ „Јане Сандански“ ќе нема. Дамјан Стојановски со 25 поени најефикасен на средбата, Трајковски додаде 20, Величковиќ со 16 коша прв стрелец кај гостите

Именувањето на првиот човек на белградска Црвена звезда на функцијата во регионалното кошаркарско натпреварување се случи на денешното Генерално собрание во Загреб. Новата сезона ќе почне на 30 септември, лигашкиот дел е планиран да заврши на 11 март во 2018 година. Стартот на разигрувањето е зацртан на 17 март, а финалната серија за новиот шампион би требала да заврши до 15 април. Донесена е одлука за формирање и на втора лига и турнири во категоријата У19

Ова е само една од одлуките од денешното генералното Собрание на регионалното кошаркарско натпреварување во Загреб на кое беа изгласани серија одлуки во насока за засилување на квалитетот на проектот и уште поголем негов прогрес во иднина. Се воведуваат три новини за сезоната 2017/18 – организација на Суперкуп во Бар, организација на турнири за кошаркари до 19 години и се воведува Втора лига со 12 екипи, по две Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија

Тимот од Загреб славеше во мајсторката против Партизан со 87:78 и со вкупни 2:1 ја доби полуфиналната серија „подобар од три“. Хрватскиот претставник за титулата ќе игра со Црвена звезда или Будуќност. Финалната серија почнува на 10 април

Македонскиот кошаркарски првак загуби од Морнар на домашен терен, во последното коло, со 63:69 и мина низ целта како претпоследен со идентичен биланс (8 победи и 18 порази) како и Крка која не успеа да опстане во регионалната конкуренција

Тренерот на „металците“ лут по поразот од Игокеа во СЦ „Јане Сандански“ со 67:71. Опстанокот ќе се брка низ последните два меча од основниот дел на сезоната – против Будуќност во Подгорица и со Морнар во Скопје

Иако во текот на целиот меч беше во водство, во последниот период влезе и со плус 14 (71:57), но македонскиот шампион на крајот подобар од Мега Лекс за половина кош (75:74). Чанчар не погоди за два поена и победа во последнниот напад на гостите од Сремска Митровица