Бурна ноќ во Франција: Алжирците со проблематична прослава на титулата на КАН

Алжир го совлада Сенегал со 1:0 во финалето на Купот на Африкански Нации во Египет за невидена еуфорија во земјата, но и судири со полицијата во неколку француски градови. Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор

СП во ракомет (У21): Македонија со пресврт до победа над Русија

„Црвено-жолтите“ во рамки на групата Ц ја совладаа младата „зборнаја“ со 29:22. Најефикасен беше Арсеновски со седум гола, Кузмановски постигна шест, Јагуриноски пет, а Талески четири. Одличен беше и голманот Томовски кој забележа 11 интервенции. Нареден ривал е селекцијата на Буркина Фасо во четврток од 21 часот