Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Марш за правда“ – нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2020 20:44

Над 15.000 граѓани, како што соопштија од СДСМ, денеска се приклучија на маршот ,,Чекориме за правда” кој започна пред Собранието и водеше до Судот. Социјалдемократите и коалициските партнери порачаа дека граѓаните се сплотија околу заложбите за силна правна држава, независен судски систем и неселективно владеење на правото, откако во неделата беше усвоен Законот за јавно обвинителство, за кој гласаа 80 пратеници. Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Собранието вчера отвори ново поглавје во реформите на правосудството. Тој побара од присутните да ги поздрават 80-те пратеници.

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно „бомбите“. Нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нашиот народ е жеден за правда, за брза и ефикасна правда“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емотивното обраќање до граѓаните пред судовите во Скопје, според кого Собранието вчера отвори ново поглавје во реформите на правосудството.

Граѓанскиот активист, Џабир Дерала, порача дека Собранието се ослободило и дека „повеќе не е гласачка машинерија на потстанарот на Орбан“

„Тие што влечеа луѓе за уши и врат, што повикуваат на етничко чистење, што ги мразат своите комшии, тие повикаа на процедури. Ќе ни треба многу време да ги наброиме сите монтировки на „сваровски“ судството. Не смее да се заборави кога човечките судбини беа запечатувани со еден телефонски повик од Фамилијата. Никогаш не смееме да заборавиме на жртвите на режимот кои минаа низ судско-полициските лавиринти“, рече Дерала.

Тој порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја ангажирала сета партиска пешадија за да ги користат луѓето како топовско месо.

„Видовме дека режимот не се предава така лесно. Сега законот е тука, нека биде тоа уште еден поттик, нова енергија“, им порача Дерала на СДСМ, потенцирајќи дека судството од денес има слобода, но и обврска да постапува професионално, а како што рече само така можеме да бидеме дел од ЕУ, а не со тефтерчињата и сваровски судството“.

амнестија Зоран Заев правна држава СЈО случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.