Browsing: АРМ

Претседателот Пендаровски, на свеченоста, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД. Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија

Ветено, остварено. Дојдоа новите униформи, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот Фејсбук профил. Новите униформи, најави претходно Шекеринска,…

Надлетувањето над Скопје со група на воздухплови на АРМ, како што е најавено, ќе се одржи меѓу 12 и 13 часот. Групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и планирано е да лета во формација 3-2-2-2

Претседателот на државата и Врховен командант на вооружените сили на свеченоста во Охрид вети дека ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната и изиарзи поддршка за заложбите на Владата да издвојува два проценти од БДП за инвестирање во одбраната како идна членка на Северноатлантскиот сојуз

Република Северна Македонија, се потенцира во пораката на премиерот, ќе биде идната, 30-та членка на НАТО алијансата, а нашите професионални војници и офицери покажаа дека се партнери со нашите сојузници, со способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност