Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: АТП
Чешката тенисерка беше подобра од Каролина Возњацки со 6:3, 6:4 во финалето на „Ериксон опен“ во Шведска, Италијанецот славеше на турнирот во Швајцарија по победата над Јаник Ханфман со 6:4, 7:5, а Аргентинецот го понесе трофејот од Германија, откако триумфира на Флоријан Маер со 6:4, 4:6, 6:3
Шпанецот за, речиси, час и половина го совлада Александар Долгополов со 6:4, 6:4 во финалето во шведскиот град за прв АТП трофеј по Виена во 2015 година, Романката, пак, подобра од Гергес со 6:3, 7:5 во мечот за титулата во романската престолнина
На финалето на Вимблдон вредно 2,5 милиони евра Швајцарецот Роже Федерер го освои својот 19-ти Гренд Слем и 8-ми Вимблдон.…
Српскиот тениски ас во финалето го совлада Французинот Гаел Монфис со 6:3, 6:4 за само втора титула во 2017 година по премиерната во Доха во јануари и вкупно 68 во кариерата, но и одлична лична најава пред почетокот на третиот гренслем во сезоната
Швајцарецот во финалето го совлада Александар Зверев со 6:1, 6:3 и му се реваншира за поразот во полуфиналето на ланското издание на турнирот во Германија
Германецот, 302 рекет во светот, за околу два часа игра славеше со 2:6, 7:6, 6:4 против првиот носител од Швајцарија за кого ова беше прв настап по пауза од два месеца
Младиот Германец го порази вториот светски рекет со 6:4, 6:3 во финалето што траеше час и 22 минути
Србинот загуби само еден гем во полуфиналето со Доминик Тим (6:1, 6:0) за петти меч за титула во Вечниот град. Неколку часа претходно го доврши и Хуан Мартин дел Потро во прекинатото четврт-финале како најава дека неговата форма оди во нагорна линија пред вториот гренслем во сезоната – Ролан Гарос што почнува на 28 мај
Целта, како што се наведува во соопштение на АТП, е забрзување и модернизација на играта и ќе бидат тестирани на завршниот турнир во млада конкуренција во ноември во Милано
Доминик Тим го елиминира Британецот со 6:2, 3:6, 6:4, Шпанецот, пак, беше убедлив против Зебалос од Аргентина со 6:3, 6:4
Хрватската тениска ветеранка славеше против Катарина Биндаренко со 6:2, 2:6, 7:6, и покрај водството на Украинката со 1:5 во третиот сет, и во наредното коло ќе игра со Агнешка Радванска од Полска
Казахстанката победи со 4:6, 6;4, 7:6 против најдобрата српска тенисерка во моментот која имаше водство со 4:2 и 5:3 во третиот сет и меч топка во десеттиот гем, но не успеа до второто коло