Јелена Јанковиќ е најзвучното тениско име што загуби во првиот натпреварувачки ден на женскиот турнир oд категоријата Премиер во Мајами. Јарослава Шведова од Казахстан беше подобра од Србинката со 4:6, 6:4, 7:6 и во наредното коло ќе игра со Анастасија Пављученкова од Русија.

Јанковиќ имаше прилика за победа, имаше водство со 4:2 и 5:3 во решавачиот сет, имаше и меч топка во десеттиот гем, но прокоцка се и на крајот загуби во тај-брејк од 50. светски рекет кај дамите.

Останатите, досега, завршени мечеви од првото коло во машка и женска конкуренција минаа без неочекувани резултати.

ВТА Мајами – серија Премиер – награден фонд 6,993.450 милиони долари

Резултати, 1 коло

Ванг (Кина) – Векиќ (Хрватска) 0:6, 6:4, 6:2

Тиг (Романија) – Вотсон (В. Британија) 7:6, 6:1

Цепелова (Словачка) – Петковиќ (Германија) 6:2, 6:4

Матек Сандс (САД) – Синијакова (Чешка) 6:3, 4:6, 6:4

Бренгл (САД) – Остапенко (Летонија) 6:3, 3:6, 6:2

Сафарова (Чешка) – Викмаер (Белгија) 7:6, 6:4

Шведова (Казахстан) – Јанковиќ (Србија) 4:6, 6:4, 7:6

Мекхејл (САД) – Бек (Германија) 6:7, 7:5, 6:0

Сепеде (Парагвај) – Дои (Јапонија) 6:2, 6:4

АТП Мајами – серија Мастерс 1000 – награден фонд 6,993.450 милиони долари

Резултати, 1 коло

Штруф (Германија) – Бедене (В. Британија) 7:5, 4:0 – Бедене предаде

Ескобедо (САД) – Еванс (В. Британија) 7:5, 0:6, 6:3

Јанг (САД) – Браун (Германија) 6:3, 1:6, 6:2

Фоњини (Италија) – Харисон (САД) 6:4, 7:5

Шарди (Франција) – Багнис (Аргентина) 6:2, 6:2

Нишиока (Јапонија) – Томпсон (Австралија) 1:6, 6;4, 6:3

Мау (Франција) – Мо (САД) 6:3, 6:2

Пер (Франција) – Клижан (Словачка) 7:6, 6:3