Browsing: авион

Екипажот на авионот кој вчераутро се урна во Иран воопшто не побарал помош од контролата на летање и се обидел да се врати на аеродромот во Техеран пред да се урне. Очевидци, пак, вклучително и екипаж на друг авион кој минувал во близина, велат дека од авионот се гледале пламени јазици. Падот предизвикал голема експлозија затоа што бил полн со гориво за долгиот лет до Киев. Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот

Ова е втора авионска несреќа во земјата во последните два месеца, откако во октомври загинаа осум лица при пад на товарен авион по полетување, исто така, од аеродромот во Гома

Од британскиот Сектор за истраги на воздушни несреќи е наведено дека во крвта на фудбалерот се откриени високи концентрации на COHb (комбинација на јаглерод моноксид и хемоглобин), јавува агенцијата „Анадолија“. Поголемо ниво од 50 отсто на јаглерод моноксид во организмот се смета за опасно по здравјето на поединецот и може да доведе до напади, губење на свест и срцев удар

Авионот, иако имаше генерален ремонт пред четири месеци, сепак, не можел самостојно да стигне до позицијата за паркирање. Ербас А340 имаше дефект кон крајот на ноември, кога германската канцеларка Ангела Меркел требаше да лета во Буенос Аирес на Самитот Г20

Податоците од црните кутии на Боинг 737 Макс 8 на „Етиопијан Ерлајнс“ што се урна во близина на Адис Абеба упатуваат на „јасна сличност” со падот на авионот од ист модел на „Лајон Ер“ во октомври во Индонезија, соопшти етиопската министерка за транспорт, Дагмавит Могес

Досегашните податоци од истрагата укажуваат и на големи оштетувања на малиот авион што пукнал на три дела кои останале поврзани само со кабли. Моторот на леталото е лоцран надвор од трупот, а недостасуваат и делови од крилата и од опашката. Авионот, се вели понатаму во извештајот, пред падот не се движел праволиниски туку неколку пати „пропаѓал“